Само Џабар и Мелоун се пред Коби

Коби Брајант изби на третото место на вечната листа на стрелци во НБА-лигата, надминувајќи го Мајкл Џордан. На 5,24 минути до крајот на втората четвртина, Брајант погоди две слободни фрлања со кои го претекна Џордан, кој за многумина е најдобриот кошаркар на сите времиња. Средбата на ЛА Лејкерс со Минесота беше прекината за Коби да добие овации од публиката и да му биде подарен баскетот со кој го даде кошот. Сега повеќе поени од Брајант имаат постигнато само Карим Абдул Џабар и Карл Мелоун. Џабар и Мелоун се недостижни, но надминувањето на Џордан беше голема причина за славје.

Во 1996 година, кога Брајант како 17-годишен се појави во НБА, веднаш му предвидуваа блескава иднина и го најавуваа како наследник на Џордан. Тие двајца играа еден против друг осум пати и скорот е 5-3 за помладиот. Сепак, Џордан има шест титули, една повеќе од Коби, и десет пати беше прв стрелец во лигата, а Брајант само двапати. Брајант е бекот што најдобро знае да го изведе оној шут со скок наназад, кој беше заштитен знак на Џордан, а кога беше помлад, Коби го имитираше Џордан и со вадењето на јазикот при влезови кон противничкиот кош.

На Коби за да дојде до 32.292 поени му требаа 1.269 меча, 230 повеќе од Џордан. Интересно е што Брајант до надминувањето на Џордан дојде во Минеаполис, првиот град во кој Лејкерс играа како домаќини, пред преселбата во Лос Анџелес во 1960 година, а истотака Коби и својот прв меч во НБА го одигра против Тимбервулфс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...