Самарџиски и Синовец за еден поинаков МЗТ!

Предраг Самарџиски, дознава „Македонски Спорт“од проверени извори, ќе биде толку бараното решение за центарската линија во екипата на МЗТ Скопје.

Репрезентативниот центар и раководството на македонскиот првак ги договориле речиси сите детали за и околу соработката што би траела до истекот на оваа натпреварувачка сезона.

Онаа во која популарниот Пеџа одигра седум натпревари во дресот на ТЕД Колежлилер Анкара, играше во просек по 10,7 минути по меч. Даваше 4,3 поени по натпревар со 38,5 отсто реализација на шутевите за два поени, а 45,5 проценти од линијата за слободни фрлања. Имаше и 2,3 скока по меч, и дефинитивно неговиот потенцијал не беше доволно искористен од тимот од Анкара.

Иако има 28 години, Самарџиски никогаш нема играно за некој прволигашки клуб кај нас. Во 2004 година од младинскиот тим на Водњански лисици беше трансфериран во Партизан каде што остана една сезона. Од 2005 до 2010 година играше за ФМП Железник, па прејде во Олин Едрене каде што имаше одлична сезона и тоа заедно со настапот на Евробаскетот беа препорака за да замине во Литвос ритас во 2011 година каде што тренер му беше Александар Џикиќ.

Таму остана до 2013 година, а на кратко го носеше дресот на Црвена звезда. Не се прослави во белградскиот клуб и следна станица му беше Мерсин, а пред почетокот на сезонава потпиша за ТЕД Анкара.

Во Скопје доаѓа на местото на српскиот интернационалец Иван Маринковиќ, со кого според најавите од тимот од Аеродром, ќе биде прекината соработката.

Или еден помалку очекуван потег, ако се земе предвид физичката инфериорност евидентирана во оние мечеви од АБА-лигата, без оглед на солидните бројки, кои велат дека во досегашниот дел од сезоната, на 12 средби во лигата на Јадранот, високиот Србин има просечни 8,9 поени и 5,5 скока, но и 1,5 загубена топка за просечни 20 минути по натпревар.

Слични, дури и нешто подобри се бројките во домашниот шампионат, односно 11,3 поени и 5,4 скока на седум меча (просечни 21,6 минути).

Србинот Стефан Синовец во минатата сезона беше еден од најдобрите поединци на МЗТ и тој добро ќе му дојде на тимот кој на надворешните позиции остана без Дамјан Стојановски на подолг рок, а во наредните два месеца и без услугите на Марко Симоновски.

Синовец на 12 меча во АБА-лигата како член на унгарски Солнок, дава 10,9 поени по натпревар, а има и 4 скока и 2,1 асистенции за 26,8 минути.

Во Еврокупот, на седум настапи има просек од 7,9 поени, 5,9 скока и 2,7 асистенции за 27 минути игра.

Тој кариерата ја почна во Визура каде што остана до 2009 година. Тогаш почна интернационална кариера во украински Химик, по што се врати во родната земја и играше за Партизан, Металац и за Раднички.

Со Партизан дојде до фајнал-форот на Евролигата. Во сезоната 2013/2014 беше член на МЗТ, а сезонава во дресот на Солнок играше против „штрковите“ во спортскиот центар „Јане Сандански“ кога доби посебен подарок, дрес со бројот „5“, кој моментално е зафатен, па веројатно ќе мора да одбере некој друг на својот „кам бек“ во добро познатата средина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...