Фени Индустри уште еднаш поуспешен од шампионот

Екипата на Фени Индустри по втор пат го победи шампионот МЗТ Скопје Аеродром, нанесувајќи му го вчера вечер третиот сезонски пораз.

Во натпревар од 10.коло на Првата лига одигран во Кавадарци, Фени до победата од 90:79 дојде со подобра игра во второто полувреме, откако првото по изедначена и ефикасна игра заврши со 51:49 за кавадарчани.

Најпрецизен во победничката екипа беше Адам Кемп со 18 поени и 9 скокови, 17 поени дополни Караџовски, додека Амонс беше стрелец на 16 поени со 3 скокови, 3 асистенции и 2 украдени топки. Дабл-дабл учинок оствари Горан Гајовиќ со 14 поени и 10 скокови.

Кај МЗТ Скопје, нова брилијантна партија одигра Александар Цветковиќ со 18 поени, 10 асистенции и 5 скокови, а најпрецизен беше Сеад Шеховиќ со 20 поени и 5 скокови

По овој натпревар, Фени Индустри и МЗТ Скопје Аеродром се изедначија според учинокот на врвот на табелата со по 6 победи и 3 порази досега, исто колку што има и Куманово по 9 кола. Работнички има бод помалку, но и натпревар помалку, а следуваат Соколи и Кожув кои во меѓусебен дуел в петок ќе ја затворат календарската 2014 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...