Операцијата на Дамјан успешна

Постои шанса Дамјан Стојановски да биде во составот на македонскиот национален тим на Евробаскетот 2015 бидејќи по операцијата на коленото на кошаркарските активности ќе може да им се врати по 7-8 месеци. Евробаскетот почнува во септември, но подготовките стартуваат во јули и во моментов никој не може со сигурност да каже дали тој ќе биде подготвен за такви напори.

Дамјан изминатиот викенд во Австрија беше подложен на операција на предните вкрстени лигаменти во левото колено кое несреќно го повреди на средбата од АБА лигата против Левски, и според информациите, оперативниот зафат бил успешен. Операцијата ја направи познатиот хирург Швенк под чиј нож „легнале“ многу познати македонски и европски спортисти.

Стојановски се врати во Скопје пред неколку дена и лекарите му препорачаа да мирува во наредните две недели по што ќе почне со движење. Тој нема и не смее да брза со закрепнувањето. Колку подобро трае рехабилитацијата толку ќе биде подобро за Стојановски за да може по паузата да се врати во формата која ја имаше претходно.

Од искуството кое го имаат спортистите по една ваква операција, паузата трае цели 6 месеци, и дури потоа спортистите почнуваат со посериозни активности. Кога Дамјан би можел да тренира нормално во август и евентуално да игра на некоја од контролите, не е исклучено да биде во составот кој ќе ја претставува Македонија на ЕП. Сепак, уште е рано да се прават подетални калкулации и на прво место е рехабилитацијата да оди според планираното и посакуваното.

Дамјан Стојановски во Австрија бил заедно со клупскиот колега Горјан Марковски на кого лани му беше направена операција на вкрстените лигаменти на колено и подолго време е надвор од паркетот. Горјан ја искористи оваа шанса да се консултира со австрискиот стручњак за колена. Во договор со Швенк, одлучено е Марковски во средината на јануари повторно да биде опериран. И за него оваа сезона е завршена, но станува збор за 22-годишен кошаркар кој пред себе има уште многу време да го реализира својот неспорен талент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...