Македонија само еднаш ќе игра во ударниот термин

Машката репрезентација на Македонија само еднаш ќе игра во вечерниот термин од 21 часот во првата фаза на Евробаскетот, и тоа на нашиот национален празник 8 Септември кога избраниците на селекторот Александар Џикиќ ќе се сретнат со домашната Хрватска. На тој меч „црвено-жолтите“ ќе влезат одморени бидејќи пред тој настап има слободен ден, па ќе поминат 54 часа од претходниот дуел. Сепак, по пресметката со Хрватите, брзо следува нов меч и тоа околу 16 часа по завршувањето на средбата. Последниот ден играме со почеток во најраниот термин од 15 часот.

Честото менување термини на одигрување на натпреварите може да биде проблем бидејќи кошаркарите нема да може да фатат ритам. Домашната Хрватска е привилегирана бидејќи првите четири меча ќе ги игра во ист термин, оној ударниот од 21 часот, а само во последното коло ќе игра од 18, па на кратко ќе им се измести биоритамот.

Македонија во Загреб ќе го има својот четврти настап на европските првенства по ред и вкупно петти во историјата.
Како што и од порано беше познато, Македонија ќе го стартува Евробаскетот со натпревар против Грција на 5 септември (сабота), а дербито со нашиот јужен сосед почнува во 18 часот. Ова не е првпат да почнеме ЕП против нив, истото се случи и во 2009 година во Полска кога загубивме убедливо. Сепак, две години подоцна во Литванија, Македонија славеше и со тој голем триумф најави дека има квалитет и дојде до полуфиналето. По отворањето со соседите, следува меч со аутсајдерот Холандија наредниот ден, а по слободниот ден на 7 септември, продолжуваме со Хрватска, Грузија и Словенија.

Според системот на натпреварување, најдобропласираните четири репрезентации од групата ќе ги продолжат натпреварите во финалната фаза. Со промената на форматот, нема нови мечеви во групна фаза туку веднаш се играат елиминациски натпревари. Таа финална фаза се игра во францускиот град Лил. Во осминафиналето потенцијални ривали на Македонија се Естонија, Летонија, Литванија, Украина, Белгија и Чешка.

Елиминациската фаза почнува на 12 септември и ќе трае до 20 септември.

СЛИКА – БОЈАН ТРАЈКОВСКИ И ДАРКО СОКОЛОВ

РАСПОРЕД И САТНИЦА НА МЕЧЕВИ НА МАКЕДОНИЈА:

(5. септември, 18 ч.) Македонија - Грција

(6. септември, 15 ч.) Македонија - Холандија

(8. септември, 21 ч.) Македонија - Хрватска

(9. септември, 18 ч.) Македонија - Грузија

(10. септември, 15 ч.) Македонија - Словенија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...