Војдан оди на гости во Истанбул

Да се продолжи сонот наречен евролигашки плеј-оф. Тоа е главната замисла за берлинска Алба пред вечерашното ново гостување, она во Истанбул, каде од 19 часот како противник ги дочекува Галатасарај.

А во сосема две различни расположенија го дочекуваат овој меч од 4. коло. Победничко што се однесува за турскиот состав, и поразитено за германскиот. Пред една седмица „Галата“ го освои Белград. Ја победи Црвена Звезда, што е втор успех за тимот од Босфорот во ТОП 16 фазата, додека, пак, Алба во Берлин не најде начин да изненади топ-екипа каква што несомнено има Реал Мадрид.

Од тие причини турскиот состав е во мала предност, момент што го признава и тренерот на „албатросите“, Саша Обрадовиќ, кој во најавата за мечот истакнува дека овој тим на Галатасарај е многу подобар од „претходниот“. Но, и тоа дека новите играчи донеле посебен квалитет кој е претворен во две победи од оваа нова фаза во Евролигата.

Дербито на групата „Е“ е во Мадрид, каде Реал го дочекува сè подобриот Панатинаикос (од 20.45 часот). Непобедливите „кралеви“ маршираат кон првата позиција која носи полесен противник во четвртфиналето, но и ПАО најави враќање на „старите патеки“.

Во исто време, но во Милано, можеби и уште поинтересно се очекува да биде и во дуелот во кој Армани ќе се брани од нападите на Фенербахче Улкер.

Некој час порано (од 18), ЦСКА треба да ја потврди фаворитската улога против Уникаха, една од ретките екипи (заедно со Црвена Звезда) која е без победа во овој дел од Евролигата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...