Историјата му се повторува на Пипан

Немотивирани и повредени играчи, разочарана публика која доаѓа во мал број, е сликата која ја затекна Алеш Пипан по враќањето на клупата на МЗТ Скопје Аеродром. Но, историјата како да се повторува. И пред две и пол години, кога за првпат Пипан го презеде тимот, состојбата беше слична. И тогаш Пипан дебитираше со пораз, но брзо потоа ги среди работите. Еден од првите потези му беше носење нов плејмејкер (во тогашниот случај Никола Оташевиќ), а такво нешто најави и сега. Неизвесна е судбината и на Овен Класен и Реџи Кили, бидејќи словенечкиот тренер сака и поквалитетен висок играч.

„Нашата игра не изгледаше добро. Додека имавме сила, се држевме добро, но потоа застанавме. Резултатот не беше најважен, туку сакав да видам со што располагаме. Имавме и здравствени проблеми. Можам да кажам дека нé очекува многу напорна работа. Треба да се постават некои работи, па во македонската Суперлига да личиме на екипа. Ни требаат две до три навистина квалитетни засилувања. Тие поединци што играат речиси цел меч мора да одморат, им требаат добри замени. Според мене, најкритична е позицијата плејмејкер. Тоа е најважна позиција во кошарката, а исто така треба ни треба и еден играч на позициите крилен центар и центар, некој што знае да повлече на `четворка`, а знае да изигра и во рекетот како `петка`. Мора да бидеме подготвени за евентуално несакани случаи и повреди“ - рече Пипан по поразот од Унион Олимпија.

Суперлигата почнува на крајот на месецов, целта на МЗТ е дотогаш да се засили, да ја крене формата и со сите сили да тргне во одбрана на титулата во првенството.

Кон крајот на октомври 2012, по поразот од Црвена Звезда, Пипан даде изјава слична на оваа завчерашната.

„Нè чека многу работа, ни требаат посилни тренинзи и да ја вратиме самодовербата. Позицијата плејмејкер е многу деликатна. Ако имаш добар плеј и центар, тогаш имаш пола екипа. Ни фали еден играч кој ќе ги поврзува редовите и знае да погоди кога на тимот не му оди во напад“ - беше дел од изјавата на Пипан пред две и пол години, а се поклопува и со сегашната реалност.

Новина за Словенецот е што на трибините имаше помалку народ отколку во сезоната 2012/2013 кога тој истотака седеше на клупата на „металците“. Разочарувањето кај фановите е видливо, „Фемили“ дури и си заминаа од сала на почетокот на второто полувреме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...