Војдан лидер на петорката на колото во Шпанија

Со 26 индексни поени на корисност, Војдан Стојановски заедно со Руди Фернандес од Реал Мадрид се најдобри играчи на 22. коло во шпанската лига. Интересно е што во Шпанија во битка за МВП на колото конкурираат само кошаркари на екипи кои извојувале победа. Подобар индекс од Војдан и Руди имаше Вили Ернангомес од Севилја, но тој не е прогласен играч за играч на колото бидејќи тимот за кој настапува претрпе пораз.

Во петорката на колото, покрај Стојановски, Фернандес и Ернангомес се најдоа и Хавиер Беиран од Тенерифе и Раулзињо Нето од Мурсија. За секој од нив петмина има по нешто со што се истакнале, а кај Стојановски стои зборот „лидерство“, што укажува дека се истакнал во тој дел.

Стојановски на својот трети натпревар во дресот на Морабанк Андора успеа да дојде до првата победа по трансферот од бундеслигашот Алба Берлин во клубот од малата пиринејска земја. Стојановски покажа дека брзо се адаптирал во новата средина, и оти е екстра големо засилување за екипата која грчевито се бори за опстанок во АЦБ лигата.

Војдан на дуелот со Манреса постигна 24 поени за 28 минути и 33 секунди на терен. Повеќе поени од него во ова коло даде само Стив Бурт, член на Фуенлабрада.

Со тројка на Стојановски беше отворен натпреварот меѓу Морабанк и Манреса, а тоа беше прва од четирите негови тројки во текот на средбата. За двојка имаше реализација 3/5, а од линијата за слободни фрлања имаше перфектни 6/6. Војдан имаше и две асистенции кои неговиот соиграч Шон Грин ги претвори во две тројки и шест поени. Во одбраната Македонецот помогна со два скока и две освоени топки. Над него беа направени седум лични грешки, и сето тоа во статистиката му донесе 26 индексни поени. Исто толку имаше и Руди, еден од најдобрите и најскапи играчи во Европа.

Во следното коло Морабанк гостува кај евролигашот Лаборал Куча, и тимот од Виторија ќе мора многу да внимава на Македонецот ако сака да ја оправда фаворитската улога.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...