Клупата на МЗТ „најжешка“ во Европа

Нема точни податоци околу тоа кој клуб колку тренери сменил во текот на сезонава, но секако МЗТ Скопје со пет тренери е рекордер во најсилните лиги во Европа, па и пошироко. „Металците“ сезонава сами имаат повеќе сменети тренери отколку сите други АБА екипи заедно. Истата ситуација е и во домашното првенство.

Веќе пракса стана за македонскиот шампион сезоната да не ја завршува со тренерот кој ја почнал. Последен „јунак“ на кој му појде тоа од рака беше Александар Тодоров во сезоната 2011/2012.

Пред таа сезона, МЗТ исто така често менуваше тренери. Од Александар Петровиќ преку Предраг Јачимовиќ, Будимир Јоловиќ до Игор Гацов. И сето тоа за само неколку месеци.

Во летото 2011 Тодоров се нафати да состави шампионски тим, и успеа во тоа доведувајќи играчи по свој вкус, а меѓу нив и Тодор Гечевски.

Првата титула беше освоена, управата му укажа доверба тој да стартува и во дебитантската сезона за еден македонски клуб со АБА лигата, но по скорот од 2-3 во првите пет кола, си замина и кормилото му го препушти на Алеш Пипан. Носењето на Словенецот се покажа како вистински потег и МЗТ играше добро и во Јадранската лига и доминираше во домашното првенство. Но, Пипан во летото 2013 објави дека се враќа во родната земја.

На „штрковите“ им требаше квалитетен тренер, но и поширок играчки кадар бидејќи покрај во АБА лигата, клубот се пријави да игра и во силниот Еврокуп. За тие потреби беше донесен Влада Вукоичиќ, српскиот стручњак ги одработе подготовките и првите кола од Еврокупот и АБА, но по еден шокантен пораз од Цибона кога МЗТ загуби иако водеше со 26 разлика, му беше даден отказ. МЗТ ѝ се врати на словенечката опција и го ангажираше Зоран Мартич.

На Мартич не му беше продолжен договорот за оваа сезона, а на негово место беше донесен трофејниот Змаго Сагадин. Сагадин остана само во првите две кола во АБА лигата кога беше сменет со Врбица Стефанов. И популарниот Врба не се задржа многу, па по шесто коло и тој си замина, а на клупата седна Бобан Митев. Во 16. рунда Митев беше сменет со Александар Јончевски, а сега улогата прв тренер ја има Пипан.

Во АБА лигата сезонава, покрај МЗТ, тренери сменија уште два клуба, и тоа Игокеа и Унион Олимпија. Игокеа немаше трпение со Влада Јовановиќ и го смени со Жељко Лукајиќ, а Пипан го избркаа од Олимпија за да го донесат Меми Бечировиќ. Ниеден друг клуб не го смени тренерот со кој ја почна сезоната.

Во првата македонска лига тренерите ги сменија само БИБЛ тимовите Кожув и Куманово, и тоа само еднаш. Кај гевгеличани на местото на Марко Ичелиќ дојде Милош Пејиќ, а кај кумановци Игор Михајловски си отиде и седна неговиот помошник Страшко Тодоровиќ.

Во НБА лигата, Сакраменто смени двајца тренери. Сезоната ја почна Мајкл Мелоун, продолжи Тајрон Корбин, а сега на клупата е Џорџ Карл.

Од европските лиги, има податок дека босанскиот тим Челик е најблиску до „подвигот“ на МЗТ и оти четири различни личности ја воделе екипата во текот на сезонава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...