Надолен тренд на МЗТ во АБА лигата

Од поодамна се знае дека сезоната 2014/2015 е најнеуспешна за МЗТ Скопје Аеродром откако игра во регионалната АБА лига, а крајните бројки кажуваат дека македонскиот тим заврши со двојно помалку победи во однос на сезоната кога беа дебитанти. Сезоната е завршена со само 7 победи, во претходната имаа 12, а во првата и дебитантска, 14 триумфи. Пласманот на табелата е сè полош од година во година. Поразите од Црвена Звезда и Крка со по 33 поени разлика се поубедливи од било кои порази во првите две сезони на МЗТ во АБА.

Статистиката е немилосрдна и покажува дека МЗТ во доста елементи е меѓу последните во лигата, па затоа и не треба да чуди што завршија на претпоследната позиција. Подобри беа само од Левски, чии играчи немаа земено плата со месеци и не се знаеше дали воопшто ќе ја доиграат сезоната или ќе згасне клубот.



МЗТ е препоследен според ефикасноста, помалку поени даде само Левски, и тоа е главна причина за слабиот пласман. Нападот не беше ефикасен, фалеа тимска игра со повеќе асистенции, како и подобра реализација на шутевите од поле.

„Металците“ завршија како последни во асистенции, во просек само по 13 на меч. Најлоши беа во јадранското друштво и според процентот на реализација на двојки и тројки. Иако тимот прилично често нападите ги завршуваше со шут за три поени, потфрли реализацијата. Прецизноста за тројка беше само 28,3 проценти, или во просек од 23 обиди на секој меч, топката влегуваше во кош во само 6,5 случаи. Кај слободните фрлања, МЗТ е втор од позади, поуспешен само од Унион Олимпија, а тоа се тимовите кои ги водеше Алеш Пипан. Откако Пипан дојде до МЗТ, екипата на ниеден дуел од АБА лигата немаше над 70 проценти реализација на пеналите. Од друга страна, со Пипан тимот редовно имаше двоцифрен број офанзивни скокови.

Позитивно од напаѓачките категории е што повеќе загубени топки имаше само Крка.

Што се однесува до одбраната, повеќе поени од МЗТ примија Мега Лекс, Цибона и Левски.

„Штрковите“ се осми во лигата по број на скокови што и не е така лошо, а осми се и во категоријата украдени топки, десетти по блокади, но втори зад Металац на листата на тимови над кои се направени најмногу „банани“.



Вкупно 19 кошаркари играа за МЗТ во оваа сезона во АБА лигата, од нив дури 11 беа странци. Од странците, четворица настапија на шест или помалку средби. Само Александар Цветковиќ ги одигра сите 26 меча, додека Урош Лучиќ и Кирил Николовски пропуштија само по еден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...