ФИБА се заканува со суспензија

Светската кошаркарска федерација најавува можна суспензија на Македонската кошаркарска федерација, во писмото кое го има испратено со Агенцијата за млади и спорт. Од МКФ најавија дека содржината ќе ја објават на состанок на Управниот одбор, но текстот ѝ е достапен на јавноста и се потврдија најавите оти актуелното раководство се жалело на политички притисок и ставот во врска со АБА лигата која нема да биде признаена од ФИБА по 1 мај.

„ФИБА со жалење констатира дека е информирана во врска со политичките притисоци кои произлегоа по одржувањето на редовното собрание на МКФ и состанокот на УО на МКФ на 21 февруари 2015 година, врз раководството на нашата членка МКФ, како и врз нејзините членки во смисла на промена на нивната официјална позиција поврзана со организацијата и признавањето на јадранската лига каде што учествува МЗТ Скопје Аеродром. Овие дејствија се случија кратко по одлуката на УО на ФИБА од 7 март за повлекување на признавањето на АБА лигата.



Понатаму, информирани сме дека само неколку недели по одржувањето на редовно се бара одржување вонредно собрание со цел промена на раководството на федерацијата како последица на гореспоменатата одлука.

УО на МКФ одлучил дека ова барање мора да се одбие согласно позитивната законска рамка и дека истото ќе го достави до Арбитражниот суд при Националниот олимписки комитет. Не земајќи ги предвид овие две одлуки на управното тело на МКФ, како и не чекајќи го резултатот од постапувањето на Арбитражниот суд, некои членки на МКФ продолжуваат со организација на споменатото Вонредно собрание закажано за 7 април 2015 и, наводно, воспоставуваат паралелно раководно тело одговорно за кошарката во земјата.



Во таа насока, Ве информираме дека воспоставувањето на паралелно управно тело е сериозно прекршување на актите на ФИБА. Истото се однесува и на замешаноста на која било трета страна, како и на какви било дејства кои водат до намалување на институционалната стабилност која би ја довела во прашање, односно би ја довела до ситуација Федерацијата да не може да одржи целосна контрола и управување со кошарката во одредена земја. Организирање Вонредно собрание пред конечна одлука на надлежно тело доведува до сериозен правен ризик против каква било одлука која би произлегла од таквото собрание и со сигурност доведува до проблеми поврзани со управување на Федерацијата.

Во таков случај, ФИБА нема друг избор освен да иницира процедура за суспензија на МКФ која веднаш би стапила на сила.

Се надеваме дека можеме да сметаме на ваша исклучителна поддршка со цел да се избегне ваквото сценарио. Остануваме на располагање за каква било дополнителна информација“ - стои во писмото на ФИБА до АМС.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...