Одлуката на Арбитражниот суд пред собранието на МКФ?

Спортскиот арбитражен суд (САС) при Македонскиот олимписки комитет (МОК) би можел да се состане и пред одржување на најавеното вонредно собрание на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), спомнаа дел од членовите на Управниот одбор на МКФ. Според информациите до кои дошле претставниците на Иницијативниот одбор кој сака да го разреши Даниел Димевски од функцијата претседател на МКФ, еден од судиите членови на САС треба да се врати во Македонија на 5 април, па ако тој или наредниот ден судот се состане и донесе одлука во врска со легалноста на иницијативата за свикување Собрание, би можело на 7 април да се знае ставот.

Иницијативниот одбор за 7 април закажа седница на Собранието на МКФ, а претседателот Димевски рече оти ако САС пресуди во полза на иницијаторите, тој ќе закаже Собрание во најкраток рок од 7 дена. Доколку САС смета оти Димевски е во право, тогаш актуелниот претседател ново Собрание ќе свика по Евробаскетот во септември, но Иницијативниот одбор не се согласува со таков развој на настаните и засега цврсто стои на ставот дека има право да побара и одржи Собрание.



САС, кој работи под капата на МОК, е формиран кон крајот на минатата година и задолжен е да посредува во сите спорови, на релацијата спортисти - клубови - национални спортски федерации, кога ќе се јави потреба за такво нешто. Времетраењето на решавање на споровите може да трае најмногу 12 месеци.



Вакви спортско-арбитражни судови постојат во рамките на повеќе национални олимписки комитети во светот, и тоа по налог на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Претседател на македонскиот САС е професорот на Правниот факултет во Скопје, Тони Дескоски. Одлуките на САС при МОК се конечни и не може да бидат обжалени на друга правна инстанца во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...