Работнички по продолжение го победи Кожув

Скопје, 19 април 2015 (МИА) – Кошаркарите на Работнички во неизвесен натпревар, кој беше решен по дополнителните пет минути, излегоа како победници во дуелот против Кожув.

Во првиот меч од 3.коло во Суперлигата, одигран синоќа во Гевгелија, екипата на Работнички го совлада Кожув со 94:86 по продолжение, откако во регуларниот дел резултатот беше израмнет 79:79.

Дарко Соколов со 21 поен беше најефикасен во победничката екипа на Работнички, за која Чековски и Павковиќ постигнаа по 19 поени, додека кај Кожув најефикасни беа Јанушевиќ со 24, а Шепа постигна 17 поени.

Денеска ќе се играат другите два натпревари од ова коло. Во Куманово, кај истоимената екипа гостува актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, додека составот на Карпош Соколи го пречекува кавадаречки Фени Индустри. мс/ссм/07:59

###

Двете средби ќе започнат во терминот од 19 часот.

Табела: МЗТ Скопје А. 32 бодови (18 одиграни натпревари), Работнички 30 (19), Фени Индустри 29 (18), Карпош Соколи 27 (16), Кожув 27 (18) и Куманово 26 (16).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...