Стартни победи за Хјустон и Чикаго во НБА плејофот

Вашингтон, 19 април 2015 (МИА) – Екипите на Хјустон и Чикаго ги забележаа првите победи на стартот од плејофот во кошаркарската НБА лига.

На средбите одиграни ноќеска, Хјустон го првиот меч од четвртфиналето на „Истокот’’ го совлада Далас со 118:108 и поведе со 1:0 во победи.

До водство од 1:0 во победи дојде и тимот на Чикаго кој беше подобар од Милвоки со 103:91, во дуел од западната конференција.

Потсетување дека плејофот стартуваше, вчера со два натпревари во кои Вашингтон како гостин го совлада Торонто со 93:86, а најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Голден Стејт 106:99 го порази Њу Орлеанс.

Вечерва на програмата се нови две средби и тоа од источната конференција. Од 21 часот, по македонско време, ќе започне натпреварот меѓу Кливленд – Бостон, додека Атланта на Перо Антиќ пред својата публика го пречекува Бруклин во меч чиј почеток е закажан за 23 часот и 30 минути.

Последните два пара од првата рунда на плејофот ги сочинуваат, Портланд - Мемфис и Хјустон – Далас, а првите средби ќе се играат во понеделник наутро.

Пласман во следната рунда ќе обезбедат екипите кои ќе остварат четири победи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...