Словенците против Македонија без најдобриот

Мали се шансите Горан Драгиќ да заигра на Евробаскетот во септември, на кој Словенија ќе биде еден од ривалите на Македонија во првата групна фаза која ќе се игра во Загреб. Најдобриот словенечки кошаркар на 1 јули ќе стане слободен агент и ќе биде зафатен со преговори за нов договор во НБА лигата, а плус тоа и неговата сопруга треба да се породи и на свет да го донесе нивното второ дете.



Драгиќ има опција да остане во Мајами за кој играше во претходните два месеца, и тој е задоволен од престојот во јужна Флорида. Во последните три години Драгиќ заработуваше по 7,5 милиони долари, па управата на Мајами ќе треба да му понуди повеќе пари за да го задржи во своите редови. Максимумот што може да го добие Горан е петгодишен договор вреден 109 милиони долари, а добра опција е и четиригодишен договор според кој кошаркарот би заработил 81,2 милиони. Можеби во Мајами хит ќе се определат да му понудат помалку пари, но со ветување дека ќе донесат уште некој добар играч, па шансите за резултатски успех во следната сезона би биле поголеми.



Според словенечките медиуми, доколку Драгиќ не игра на ЕП, можно е во националниот тим да се врати Бено Удрих, па Словенците повторно би имале екстра силна бековска линија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...