Словенија со три тима во Јадранската лига?

Иднината на Јадранската лига е неизвесна, никој не знае каков ќе биде изгледот на досегашната АБА лига и кој ќе ја организира, а во Словенија не знаат што ќе прават со нивниот најтрофеен клуб Унион Олимпија, кој киксираше во домашното првенство и нема право да игра во регионалното натпреварување.

Сигурен претставник на Словенија во Јадранската лига ќе биде Крка како првопласирана од лигашкиот дел, а другото место оди за првакот. Нов шампион на Словенија ќе биде Рогашка или Тајфун.

Моментната ситуација е таква што за Рогашка Слатина, која не ни сонувала дека ќе дојде до оваа фаза, играњето во АБА лигата е преголем организациски залак во моментов (клубот нема ни спортски директор), па и финансиски нема да биде лесно да се поднесе тоа, додека во Тајфун постои расположение, со тоа што би морале да се преселат во градот Целје, каде има посоодветна сала.

Олимпија, која е редовен учесник и еден од клубовите-основачи на Јадранската лига, веројатно, сепак, нема да извиси. Прашањето е како ќе се „протне“ во лигата, особено ако се укине досегашната практика на давање специјални покани.



АБА лигата нуди во иднина 80 проценти од акциите да имаат клубовите, а останатото приватни лица (Радиќ, Лорбек, Сагадин, Лисац, Билиќ и Миличевиќ). Клубовите (12) да имаат 12 гласа, а и шесте приватници да имаат шест гласа. Роман Лисац да остане директор во наредните пет години, и седиштето да остане во Љубљана.

Предлогот на ФИБА е клубовите да имаат 84 отсто од акциите, а другите 16 да бидат за националните федерации и ФИБА. Да нема котизација и право на вето, но веднаш да се уплатат 200.000 евра. Директор на лигата и шеф на судиите да биде независна личност, а за седиштето на лигата предлогот е ист, Љубљана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...