Илиевски ќе игра на ЕП, ги кани Антиќ и Чековски

На селекторот Александар Џикиќ ќе му се исполни желбата во македонскиот национален тим на Евробаскетот во септември да го има Владо Илиевски. Струмичанецот минатото лето дојде на подготовките, но од лични причини не тренираше, а потоа не играше ниту во квалификациите за ЕП кои успешно беа минати. Стартен плејмејкер беше младиот Андреј Магдевски, му помагаше Александар Костоски, а приклучувањето на Илиевски ќе биде голем плус за оваа клучна позиција.

Илиевски игра за загрепска Цибона и сака на хрватската публика да è се претстави и во дресот на својата родна земја. Во интервју за весникот „Спортске новости“, Владо потврдува дека ќе настапи на ЕП на кое во првата фаза Македонија ќе игра и против домашната Хрватска.



„Ќе играм на ЕП, едноставно ми се игра, сакам да им помогнам на младите. Судбината сака да бидам дел од националната селекција и на стари години. Селекторот Џикиќ одлично го познавам уште од времето кога играв во Партизан и тоа е една од причините што решив да играм иако веќе официјално бев во пензија. Се надевам дека мојот пример ќе го следат и Перо Антиќ и Ѓорѓи Чековски. Тодор Гечевски едвај го натеравме да игра пред две години и сега не е реално да очекуваме повторно да ни помогне“ - изјави Илиевски.

Ако Антиќ и Чековски го следат чекорот на Илиевски, тогаш и на центарските позиции ќе бидеме осетно појаки во споредба со минатото лето. Лани Чековски не играше поради повреда, а Антиќ поради одмор по напорната НБА сезона.

„Со Антиќ и Чековски во тимот би имале исклучително квалитетни играчи под кошевите, бидејќи веќе ги имаме Предраг Самарџиски и Бојан Трајковски. Очекувам добар пласман во прелиминарната фаза и голем број македонски навивачи во Загреб, каде се надевам дека би играле како дома“ - вели Илиевски.



Во првото коло на Евробаскетот, Македонија игра со Грција на 5 септември, а хрватските новинари ги интересираше и ставот на Владо во врска со тој меч.

„Фактот што сме во група со Грција ќе биде дополнителен мотив и за нас играчите, но и за нашите верни навивачи да дојдат во што е можно поголем број. Тоа ќе биде натпревар кој за секој Македонец е секогаш повеќе од спортска пресметка“ - објаснува Илиевски, кој последен пат за Македонија настапи на Евробаскетот 2013 во Словенија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...