Анчелоти: Ќе биде тешко против Црвена ѕвезда на „Маракана“

Белград, 17 септември 2018 (МИА) – Тренерот на Наполи Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим ја сфаќа тежината на натпреварот против Црвена ѕвезда во Белград на стартот од Лигата на шампионите.

- Важно е да играме наш фудбал и да направиме се за победа. Групата Ц е исклучително тешка, а можеби и најтешка. Ги имаме одличните Ливерпул и ПСЖ, но и Црвена ѕвезда која одлично игра на домашен терен. Ќе биде навистина тешко, истакна тренерот на Наполи.

Анчелоти нагласи дека е свесен за поддршката која Црвена ѕвезда ја добива од своите навивачи, како и дека многу фаворизирани клубови биле поразени на белградскиот стадион.

- Свесни сме колку ќе биде тешко да се игра на „Маракана“. Ѕвезда е добра екипа. Го елиминираше Салцбург во квалификациите, а добро игра и во домашното првенство. Но ние сакаме победа, бидејќи важно е добро да го почнеме натпреварувањето, наведе Анчелоти.

За искусниот тренер ова ќе биде трет натпревар во кариерата против Црвена ѕвезда во Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...