Шампионски кикс: Колапсот на голот во Мадрид

Реал Мадрид вечерва е домаќин на Борусија Дортмунд во четвртото коло од Лигата на шампионите. Првиот натпревар од групата Д го доби тимот на Јурген Клоп со 2-1 но,  натпреварот од 1-ви април 1998-ма година е тој што фановите на Реал го паметат до ден денешен.

Реал победија со 2-0 во првото полу- финале од ЛШ во 1998-ма година, но пред почетокот на натпреварот на Сантијаго Бернабе се случи мал инцидент во кој голот на стадионот колабираше, и натпреварот беше одложен повеќе од еден час.

Стативите на голот биле поврзани со заштитната ограда за навивачите, а „ултрашите“ позади голот најпрво ја срушиле мрежата, за неколку минути подоцна таа да ги повлече стативите и тие да се срушат токму пред почетокот на натпреварот.

Немало резервен гол на располагање во просториите на Сантијаго Бернабе, и можно решение било натпреварот да се одложи. Сепак, Агустин Херерин, асистент на делегатот на натпреварот предложил да донесат резервен кој пак се наоѓал во тренинг центарот оддалечен три километри од Сантијаго Бернабе. Публиката морала да чека еден час за да го донесат и да го монтираат на местото на стариот гол.

По еден час и 45 минути натпреварот продолжи и Реал со 2-0  ја победи Борусија Дортмунд. Реал Мадрид подоцна во финалето на Амстердам Арената со резултат 1-0 го порази Јувентус и ја освои Лигата на шампиони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...