Само чудо го спасува Сити од елиминација

Иако важеше за голем фаворит во пресметката со Ајакс, ниту најголемите песимисти не очекуваа дека Манчестер Сити ќе треба да се спасува во пресметката со Холанѓаните. По само 17. минути игра, скапиот тим на Роберто Манчини на свој терен беше во негатива од два гола, и тоа беше јасен сигнал дека Ајакс не е дојден само на "шопинг" во Англија.

Сепак, пред крајот на полувремето надежта за добар резултат од овој натпревар ја врати Јаја Туре, кој стрелаше во мрежата на Ајакс, и го врати англискиот шампион во "живот". Во вториот дел Манчини ги внесе во игра и Џеко и Балотели, со една крајно офанзивна формација проба да спаси она што може да се спаси. Но, Англичаните сe што успеаја да направат е да го израмнат резултатот, меѓутоа и еден бод не им оди во полза затоа што во последните две кола им е потребно чудо за да се спасат од рана елиминација, односно од реприза од ланската сезона во која исто така ја имаа фаворитската улога, но мораа уште во групната фаза да се збогуваат од елитното европско натпреварување.

Ајакс едноставно е "кошмар" за Манчестер. Победа во Амстердам и нерешено во Англија. Сити губи драгоцени бодови. Сега за Манчини следуваат двата "пеколни" натпревари, со Реал Мадрид на домашен терен, и гостување во неосвоивиот Дортмунд кај Борусија. Невозможна мисија, но на крајот имаат какви такви шанси да се спасат од најлошото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...