Реал се извлече во финишот

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа нерешено на реваншот. Првиот меч им припадна на Германците, а тие лесно можеа да го добијат и вториот натпревар меѓутоа Месут Озил со гол во финишот на средбата го спаси Реал од пораз. Борусија на страшниот натпревар со Реал влезе со биланс од четири порази и едно реми на гостински терен во европските купови меѓутоа одигра мудро, а таквиот пристап им донесе еден бод од славниот "Сантијаго Бернабе". Составот на Жозе Мурињо покажа многу нервоза, а Роналдо и Игуаин беа премногу отсечени од нападот па речиси и да не се заканија посериозно.

Дефанзивците на Борусија делуваа фантастично во првите 5 минути во кои освен голот на Пепе не дозволија да помине ниту една топка преку нив. Борусија ја фрли "бомбата" во 28 минута кога Марко Ројз истрча во контра-напад и со волеј ја затресе мрежата на Касиљас. Но водството на Германците траеше само шест минути бидејќи Пепе со глава се снајде во мешаницата во казнениот простор и го израмни резултатот. Борусија продолжи во свој стил и пред истекот на полувремето повторно направи контра која во гол ја претвори Марио Гетце со помош на Арбелоа кој малку ја закачи топката.

Очекувано Реал тргна офанзивно во второто полувреме и долго време се мачеше да го израмни резултатот, а тоа им појде од нога во 87 минута кога Озил го погоди голот на гостите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...