Моузес за победа на Челзи

Израмнетиот дуел меѓу Челзи и Шахтјор заврши со победа на домашните и тоа со погодок кој падна дури во четвртата минута од продолжението по одлично нафрлената топка која дојде до Моузес кој беше највисок во скокот.

Средбата имаше одличен почеток, а играта најавуваше максимално многу возбудувања бидејќи гостите редовно имаа противодговор за нападите на домаќинот.

Дека фудбалерите на Челзи се решени да дојдат до победа на овој меч се виде уште на стартот кога се тргна во иницијатива. Се одеше со сите сили кон погодок, но Торес не успеа да се снајде во првата шанса за гол. Само неколку секунди подоцна успеа да стигне до можност за да ја поправи грешката. Гостите погрешија во додавањата, а притоа вратија топка до голманот кој доцнеше со интервенција, па при шутот беше блокиран од Торес, а топката заврши во голот.

Само неколку минути беа доволни за Шахтјор да врати, а голот дојде после прошетката на Фернандињо низ одбраната на Челзи. Одличниот дриблинг му остави простор на Вилиан на кого не му беше воопшто тешко да бие прецизно по средината на голот на актуелниот шампион на Европа.

До крајот на првиот дел имаше добра игра и на двете страни, а благодарение на Оскар кој дојде до четвртиот гол сезонава се стигна до предност од 2:1 после првото полувреме.

Само што почна вториот дел гостите тргнаа во налет, а две минути му беа доволни на Вилиан да израмни и да ја врати неизвесноста на средбата.

До крајот на дуелот неизвесноста беше присутна, а победникот беше решен пред последниот свиреж на судијата кога Моузес скокна највисоко и донесе триумф од 3:2 и три многу значајни бодови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...