Роденденска победа за Селтик

Селтик со победа од 2-1 над Барселона во четвртото коло од ЛШ, го прослави 125-от роденден на клубот.

Виктор Ванјама во 21-та минута го отвори резултатот за Селтик, а на 2-0 зголеми осумнаесетгодишниот Тони Ват во 83-та минута од натпреварот, кој претходно влезе како замена од клупата на Нил Ленон.

Поразот пред истекот на натпреварот го ублажи Лионел Меси кој погоди за 2-1 на Селтик Парк стадионот во Глазгов.

Барселона и покрај поразот, остана на врвот од групата Г со 9 бода, а Селтик на втората позиција со 7 освоени бода, пред Бенфика со 4 и Спартак Москва со 3.

Присутен на трибините беше и пејачот Род Стјуарт кој е доживотен фан на Селтик, а кој не можеше да ги скрие солзите по победата на неговиот тим.

Во следното коло Барселона ќе игра повторно на гостински терен, против тимот на Спартак Москва а Бенфика ќе го пречека Селтик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...