Барселона одново во напад на Милан

Тимовите коишто минатата година се судрија во четвртфиналето овој пат излегуваат на терен во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите, а Барселона одново е со улогата на фаворит против Милан. Иако вечерва на „Сан Сиро“ е само првиот дуел од пресметката за пласман во следната рунда, сепак, дефинитивно Каталонците ќе имаат голема предност бидејќи се комплетни и имаат многу поискусни играчи во овој куп.

ВАЖНО Е ДА ИМА ГОЛОВИ

Фудбалерот кој пред неколку години играше за Барселона, Бојан Кркиќ сега би можел да биде играч кој ќе го зададе најголемиот удар за својот поранешен тим. Кркиќ го носи дресот на „росонерите“, но на еден ден пред мечот не важеше како фаворит за место во првите 11.

„Сакаме да победиме и нема да бидеме задоволни во случај на нерешен резултат. Важно е денеска да бидеме расположени во нападот и да одиме на реваншот со шанса за да се пласираме во следната рунда. Не мислам дека ќе бидам во составот кој ќе го почне натпреварот. Јас сум реален и свесен дека ќе ја чекам шансата од клупата. Денеска е најважно сите да бидеме максимално концентрирани и внимателни. Против Барселона мора да ризикуваш доколку сакаш да одиш понатаму. Мораш да направиш нешто уште на првиот меч“, изјави Кркиќ.

ФАБРЕГАС НЕКОГАШ ЗАБОРАВА НА ОДБРАНАТА

Францускиот интернационалец Фламини, пак, вели дека ги знае добрите, но и лошите страни во играта на Фабрегас и смета дека токму по таа страна може да се зададе удар на гостите од Шпанија.

„Фабрегас е играч со многу квалитети кој има неверојатен поглед кон играта и е многу добар пред голот. Сепак, тој понекогаш заборава да се врати и да помогне на одбраната. Барселона располага со многу индивидуални таленти и игра многу убав фудбал. Нашиот противник е фаворит за трофејот во Лигата на шампионите. Треба да признаам дека сакав да се судриме со друг тим во оваа фаза, но таква е ждрепката. Дефинитивно ова ќе бидат две фантастични средби. Ќе направиме сè што е можно да ја изненадиме Барселона“, вели Фламини.

ПРЕМНОГУ РАНО ПРОТИВ БАРСА

Потпретседателот на Милан, пак, жали за тоа што мораше толку рано да се соочат со Барселона, но се радува што фановите на неговиот тим ќе можат да ги следат Каталонците уште еднаш.

„Судбината одлучи да играме против Милан дури шестпати во две сезони. Ние немаме психолошки проблеми против Барселона. Можеме да се спротивставиме и очекувам да бидеме на потребното ниво. Не можеме да сметаме и на Балотели, но и без него мислам дека сме способни за добар резултат“, коментираше Галијани.

ПОБЕДАТА Е ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА ЗА ГОСТИТЕ

Што се однесува до гостите, тие нема да прават никакви проблеми во пристапот на играта. Иако и понатаму се без својот тренер кој е на лекување во Њујорк, сепак, се доволно добро подготвени да можат и без него да стигнат до победа.

„Нашата цел во Милано е да победиме. Потребно е и да бидеме концентрирани во одбраната за да можеме да тргнеме кон триумф. Ќе излеземе и ќе играме во нашиот препознатлив стил. Нам ни е максимално важно да постигнеме колку е можно повеќе голови. Се чувствувам добро и подготвен сум за овој натпревар. Мислам дека сè ќе биде добро и головите ќе дојдат“, изјавува Педро, кој најавува голови на оваа средба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...