Барселона приземјена во Милано

Милан ќе има голема предност на реваншот на „Ноу Камп“ после три недели откако синоќа против Барселона беше приредено големо изненадување и обезбедена победа од 2:0. Лионел Меси, Иниеста, Чави... не можеа да се видат на „Сан Сиро“ и делуваа потполно загубено. Иако првиот гол на Милан е спорен поради играта со рака на Запата во акцијата при погодокот, победата на „росонерите“ е чиста како солза и тука никој не може да им оспори. Играа со многу поголем мотив, со многу поголема желба и едноставно заслужија да имаат предност на реваншот во Шпанија.

Стартот на средбата беше премногу мирен од двете страни. Милан имаше за нијанса поголема желба да го нападне голот на Барса, но тоа го правеше само преку контри и тоа по левата страна каде што Ел Шарави се обидуваше да направи нешто повеќе и да го загрози голот на Валдес. Сепак, ниту една акција не дојде до вистинска можност за реализација бидејќи речиси редовно беше блокиран од одбранбените играчи на гостите.

Во нападот на Барса, пак, ја немаше онаа „убиственост“ која што сите се имаат навикнато да ја гледаат. Работите не функционираа најдобро кога беше во прашање реализацијата, но немаше ниту вистинска позиција за да се успее во желбата. Затоа, пак, доминацијата на средината од теренот беше неспорна и сè беше реално и според очекувањата. „Росонерите“ беа премногу повлечени и кога ќе тргнеше посериозна акција сите се враќаа на 30 метри од Валдес и тука немаше простор за да се реагира.

Таквата игра не донесе ништо во првото полувреме, па двете екипи заминаа на одмор без да можат да истакнат нешто бидејќи немаше ништо да се издвои.

Гостите продолжија во ист стил и во второто полувреме. Се обидуваа да стигнат до голот, но никако не можеа да реализираат. Затоа ги стигна казната и тоа после многу спорен момент во кој имаше игра со рака од Запата. По изведениот слободен удар, Монтоливо биеше од триесетина метри. Топката го удри Запата во раката кој откако ја смири, ја додаде до Боатенг, а овој успеа да го совлада Валдес и да донесе водство за Милан.

Кога сите очекуваа од Барселона да се втурне во потера по враќање во игра односно по гол кој ќе ја врати неизвесноста во мечот мечот продолжи во ист стил. Ниту една акција не делуваше доволно сериозно за да се дојде до резултат. Затоа, пак, на спротивната страна уште еднаш Милан нападна сериозно. Ел Шарави успеа да навлече дури четворица играчи на Барса со што Мунтари остана осамен. Тој беше заборавен од страна на Каталонците, а откако доби одлична топка од Ел Шарави биеше силно од прва за 2:0 и триумф на првиот меч.

ВО ИСТАНБУЛ БЕЗ ПОБЕДНИК

Галата и Шалке 04 одиграа само нерешено во првиот двобој, па на реваншот ќе има многу големи возбудувања. Резултатот од 1:1 гарантира возбудлив реванш така што дефинитивно ќе има уште една интересна средба.

Решеноста на Галатасарај да дојде до триумф пред своја публика се виде после само десетина минути. Притисокот со кој се тргна од почеток на мечот брзо донесе реализација. Партнерот на Дрогба во нападот, Бурак Јилмаз успеа да реализира после 12 минути игра и тоа донесе до голема радост за фановите на Галатасарај. Тимот од Истанбул водеше со 1:0, но оваа предност се чуваше успешно само до крајот на првиот дел кога Џермејн Џонс успеа да го најде вистинскиот пат за гол и израмнување на 1:1 пред заминувањето на одмор.

Во вториот дел домашните се обидоа одново да дојдат до предност, но без Снајдер кој беше заменет на полувремето беше навистина тешко да се направи нешто повеќе. Остана резултатот од првите 45 минути, па на реваншот нема да има предност за ниту еден тим. Мала позитива ќе биде единствено голот кој Шалке успеа да го постигне во Истанбул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...