Милан вчера на Сан Сиро ја шокираше Барселона, откако со головите на Кевин Принц Боатенг и и Сали Мунтари го победија фаворитот од Каталонија.
Барселона ќе има тешка задача во реваншот на Ноу Камп да ја елиминира предноста од два гола на Милан, но синоќа на Сан Сиро беа присутни и фудбалерите на Милан кои не настапија на теренот.
Марио Балотели и Робињо. Двајцата фудбалери под трибините радосно ја прославија победата на тимот, а ова е видеото на кое е документирана прославата.