„Кралевите“ подготвени за реванш

Поразот од 4:1 на првиот меч во Дортмунд за тимот на Реал Мадрид значеше враќање од неколку чекори на патот кон финалето и освојувањето на десеттата круна во Лигата на шампионите (заедно со КЕШ). И покрај тоа никој нема намера да се откаже, па вечерва од 20:45 часот на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид ќе се види вистинското лице на двата тима и ќе се види кој тим е подготвен да го издржи притисокот кој го носат и новите 90 минути.

МУРИЊО ЌЕ МЕНУВА ВО ТИМОТ

Грешките кои беа направени на првиот дуел очигледно се научени во таборот на Реал Мадрид. Поради тоа Мурињо планира неколку измени во тимот. Дефинитивно Пепе останува на клупа, а на неговата позиција ќе биде Рамос, кој ќе игра заедно со Варан во стоперската линија. Што се однесува до позицијата десен бек, таму ќе се бира меѓу Арбелоа и Есиен, а, најверојатно, во тимот нема да биде и Кедира. Неговото место ќе го добие Модриќ, кој за разлика од првиот меч ќе има нешто подефанзивни задачи.

„Наша цел е да победиме на овој меч. Не се предаваме и ќе го дадеме максимумот. Верувам дека ќе знаеме како да излеземе како севкупни победници на овој меч“, вели Ди Марија, кој би требало да стартува на овој натпревар.

ПЕПЕ ГО МОЛЕЛ ЛЕВАНДОВСКИ ДА НЕ ДАВА ГОЛОВИ

Стрелецот на сите голови за Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски, вели дека е подготвен за реваншот за уште голови, но во исто време се шегува и на сметка на Пепе.

„На првиот меч сработивме одлична работа. Можеби беше неочекувано за многумина, но ние бевме максимално мотивирани. Горе-долу сè беше чисто. Освен неколкуте груби стартови на Рамос, сè друго беше во нормалата. Имаше и еден интересен момент во кој при изведување корнер ми пријде Пепе. Тој ме чуваше во текот на целата средба и тогаш ми рече: ’Веќе постигна четири гола. Мислам дека се доста’. Сепак, тоа беше еден натпревар, а денеска имаме нов во кој ќе се потрудиме уште еднаш да го совладаме Реал“, вели Левандовски.

РОНАЛДО ПОВТОРНО НЕИЗВЕСЕН

Главниот играч во редовите на Реал Мадрид и сезонава прв стрелец, Кристијано Роналдо, е неизвесен за настап и на денешниот меч. Докторите прават сè тој да биде подготвен, но и да може да истрча на терен тешко дека ќе може да го даде максимумот. Роналдо се повреди на првата средба при дуел со голманот Вајденфелер, но дури по мечот се виде дека станува збор за сериозна повреда.

Тој во последните неколку дена работеше одвоено и дури денеска пред средбата ќе се знае дали ќе може да издржи 90 минути против Борусија Дортмунд.

„МИЛИОНЕРИТЕ“ 19 МЕСЕЦИ НЕ ЗАГУБИЛЕ 3:0

Пред денешниот меч статистиката е во корист на фудбалерите на Борусија Дортмунд. Тие немаа пораз од 3:0 цели 19 месеци. Последен пат имаат загубено со ваков резултат на 28 ноември во 2011 година кога гостуваа на Олимпик Марсеј. Токму поради тоа никој и не верува дека сега е можен ваков резултат кој би го однел Реал во финалето.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...