Бекенбауер посакува голеада на „Вембли“

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Франц Бекенбауер посака да гледа спектакуларен меч со многу голови во финалето на Лигата на шампионите кое в сабота се игра на „Вембли“ во Лондон. На завршниот меч во борба за големиот сребрен трофеј ќе се појават двата најдобри германски екипи. Тоа ќе биде првпат две екипи од Бундеслигата да се борат за највредниот трофеј. Бекенбауер верува дека финалето ќе биде меч со многу голови, но дека на крајот ќе се радува неговиот Баерн.

„Сигурен сум дека мечот ќе биде многу израмнет. Дортмунд е тим кој може да победи секого, па дури и Баерн. Сепак, заради доминацијата на Баерн сезонава, благи фаворити се баварците. Посакувам да биде 2:2 или 3:3 по продолженијата и потоа да има пенали. И во пенал-рулетот да победи Баерн. Тоа би било најдраматичен меч и светот долги години би зборел после едно такво финале“, рече Бекенбауер, кој додаде дека ако тој е тренер последниот пенал би му го доверил на Арјан Робен.

Некогашниот германски репрезентативец вели дека во двата тима има фудбалери кои со еден потег би можеле да го решат финалето и да се промовираат во херои. „Двете екипи располагаат со големи ѕвезди. Финалето може да го решат Робен, Рибери, Швајнштајгер или Гетце и ројс кај Борусија. Ова ќе биде финале во кое ќе покажеме дека германскиот фудбал го има приматот во светот. Баерн е најдобриот тим сезонава. Првенството го освои со 25 бода пред вториот. Тие имаат историска сезона, бидејќи од првото до последното коло беа одлични. Ако Борусија победи, тоа ќе биде затоа што Баерн имал лош ден“, додаде Бекенбауер.

Баерн зад себе во клупската историја има четири трофеи во елитната лига, а играше во две од последните три финалињата, но за нивна несреќа ги загуби. Во 2010 година беше поразен со 0:2 од Интер каде што играше и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. Лани во мај баварците на пенали беа поразени од Челзи. За разлика од минхенскиот тим, Борусија само еднаш била дел од финалето и се радувала на трофејот во 1997 година кога со 3:1 го победи Јувентус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...