ДЕНЕШНИОТ ДУЕЛ ОД 21. ДВОБОЈ ЗА ПЕХАРОТ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ИЛИ 58. ЗАЕДНО СО КЕШ, НОСИ ЧЕТВРТА ПРЕСМЕТКА МЕЃУ ЕКИПИ ОД ИСТА ЗЕМЈА

Бундес-лигата во финалето од ЛШ

По Примера, Серија „А“ и Премиер-лигата денеска и Бундес-лигата ќе си добие свое место во историјата на финалињата од Лигата на шампионите. Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ќе бидат дел од списокот на тимови кои играат во иста лига, а успеале да играат во финалето од ЛШ.

Испишувањето на оваа историја почна во 2000 година. Тогаш во финалето играа тимовите на Реал Мадрид и Валенсија со што ѝ донесоа на Примера можност сигурно да има победник. Тогаш „кралевите“ беа подобри со 3:0.

Три години подоцна Милан и Јувентус ја запишаа и Серија „А“ како лига која имала своја финалисти. Ова беше финале кое не донесе погодоци по 120 минути игра, а пеналите пресудуваа за тоа кој ќе дојде до триумф. Милан победи со 3:2.

Во 2008 година и Англија имаше финалисти. Манчестер Јунајтед и Челзи исто како и Милан и Јуве пет години претходно не успеаја да го решат победникот во регуларниот тек од натпреварот. Мечот заврши со резултат 1:1, а така беше и по 120 минути игра. Поради тоа и овде пеналите пресудуваа, а „ѓаволите“ успеаја да стигнат до триумф.

Ако се суди според тоа кои екипи стануваа шампиони во годините кога две екипи од иста земја играа во финалето од ЛШ сосема извесно е дека денеска се очекува Баерн да има тешка задача против Борусија. Во 2000 година во Шпанија титулата ја понесе Депортиво Ла Коруња. Три години подоцна кога Милан и Јуве играа во финалето, а „росонерите“ стигнаа до триумф, титулата во Серија „А“ ја освои поразениот тим. Јувентус тогаш беше пред Интер и Милан. Од ова исклучок е само Манчестер Јунајтед, кој во 2008 година заврши и со трофејот од ЛШ и со трофејот од Премиер-лигата.



ФАНОВИТЕ МОЖАТ ДА НАПОЛНАТ ДЕСЕТ СТАДИОНИ

Заинтересираноста за следење на финалето во Лигата на шампионите е огромна, а бројките велат дека фановите на Баерн Минхен и на Борусија можат да наполнат дури десет стадиони како „Вембли“ доколку за сите има билети.

Со оглед на тоа дека „Вембли“ има капацитет од 90.000 гледачи, сосема јасно е дека интересот во Германија за ова финале е огромно. Кај Германците има големо лудило по фудбалската класика и затоа денеска ќе биде максимално интересно.

Инаку, во канцеларијата на Борусија Дортмунд беа пристигнати дури 500.000 молби за билети, додека кај Баерн барањата биле околу 250.000. Со оглед на тоа дека и кај неутралните вљубеници има голем интерес, сосема извесно е дека и повеќе од десет стадиони како „Вембли“ би биле преполни.

ХЕЈНКЕС БРКА ТРИУМФ ЗА ИСТОРИЈА

Доколку тимот на Баерн успее да дојде до победа на денешната средба, тогаш тренерот на овој тим, Јуп Хејнкес, ќе стане вкупно 19. тренер кој успеал да стигне до две титули во Лигата на шампионите. Сепак, ова ќе му донесе можност и да се запише на листата каде што веќе има тројца тренери што успеале да дојдат до триумф со две различни екипи. Хејнкес во 1998 година победи со Реал Мадрид, а Баерн Минхен ќе му биде вториот клуб со кој стигнал до титула. Досега две титули со различни екипи имаат Ернст Хапел (Феернод 1970, Хамбургер 1983), Отмар Хицфилд (Борусија Д. 1997, 2001) и Жозе Мурињо (Порто 2004, Интер 2010).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...