Шпанско-италијанска гигантска пресметка

Шпанија и Италија денеска и утре имаат двојна пресметка, а ова практично е вовед во најголемото дерби во моментов во светот „Ел Класико“ кое е на програмата во сабота од 18 часот. Денеска на „Сан Сиро“ во Милано се среќаваат Милан и Барселона, а утре на „Сантијаго Бернабе“ тимот на Реал Мадрид е домаќин на шампионот на Италија, Јувентус.

Ова не се обични натпревари и тоа се дуели кои носат големо минато зад себе. Ова се ривали кои во минатото многупати се среќавале и ги одмерувале силите. Песметките на гигантите од Шпанија и Италија се најава за возбудувања и фудбал за сите вкусови. Без разлика на составите тоа ќе бидат неизвесни натпревари и тоа е предизвик за следење за сите вљубеници во фудбалот.

АЛЕГРИ СО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ

Големите ривали, Милан и Барселона вечерва ќе го имаат воведот во дерби дуелите од 3. коло во кое има две пресметки на екипи од Серија „А“ и Примера. Тие продолжуваат со битката која им стана веќе редовна бидејќи играат три години по ред. Ова е средба на која гостинот е фаворит со оглед на формата и играчите кои се во комбинација за настап, но секогаш мора да се има резерва бидејќи се работи за натпревар на две екипи со голема традиција.

Милан е во проблеми и не моќе да смета на комплетен состав за овој дуел. Се врати Кака, но сигурно ги нема Абијати и Балотели. Неизвесни се уште неколку други играчи и Алегри до последен момент нема да биде сигурен кои играчи ќе ги има на терен за натпреварот против Барса.

„Ова ќе биде тежок натпревар. Имаме проблеми бидејќи не можеме да бидеме комплетни. Ни недостигаат клучни фудбалери и затоа играчите ќе мора да дадат повеќе од максимум за да дојдеме до позитивен резултат“, вели тренерот на „росонерите“, Масимилијано Алегри.

КАКА СЕ ВРАЌА ВО РИТАМ

Повратникот во таборот на „росонерите“, Кака се враќа во комбинација и денеска може да биде големо засилување за домаќинот.

„Имав еден месец тренинзи за да се вратам во ритам. Мислам дека сум подготвен и денеска ќе се обидам да бидам во што е моќно подобра форма. Барам начин како набрзина да се вратам во ритам, но ќе биде тешко. Имаме тежок противник со кој ќе мораме да одиграме со 100 проценти од силите за да успееме да извлечеме позитивен резултат“, Кака.

ЗА БАРСА ОВА Е МНОГУ ВАЖНА СЕДМИЦА

Со оглед на формата која ја демонстрираат во последниот период фудбалерите на Барселона сосема јасно е дека тие се во предност. Сепак, ако се земе в предвид тоа дека во сабота следи и двобој против Реал Мадрид јасно е дека денеска ќе мора и да се штедат силите за тој меч.

„Иако ни следува меч против Реал Мадрид мислам дека ова е вистинското време за да се сретнеме со Милан. Ова е тешка недела за нас, но во исто време и клучна недела за натамошниот тек. Ни треба победа за да дојдеме до уште поголем мотив за во сабота кога ќе треба да ги одмериме силите против Реал. Ако успееме да дојдеме до две победи правиме два големи чекори напред иако тука ништо не се решава. Со победа против Милан одиме на девет бода и практично го решаваме прашањето околу местото во елиминациите, додека дербито против Реал секогаш носи многу возбудувања и затоа на тој дуел ќе мораме да влеземе со сите сили. Тоа ќе ни значи многу во битката за трофејот и во битката за контрола на натпреварувањето на домашна сцена“, коментираше вчера по пристигнувањето во Милано, спортскиот директор, Андони Зубизарета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...