Кога „специјалниот“ слави

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо не можеше да ја сокрие радоста по постигнатиот гол на Демба Ба во 88-та минута на Стемфорд Бриџ. Голот на Демба ги елиминира ПСЖ иако вкупниот резултат по двата натпревари во четврт- финалето гласеше 3-3, „сините“ од Лондон се пласираа во полу-финалето од ЛШ на правилото гол постигнат на гостински терен.

Избраниците на Мурињо ги постигнаа двата гола синоќа на Стемфорд Бриџ (еден во првото а другиот во второто полувреме), преку играчи кои влегоа како замени.

Андре Шурле погоди за водство на Челзи во 32-та минута, десетина минути откако тој влезе во игра на местото на Еден Азард, додека пак Демба Ба кој погоди во второто полувреме исто така влезе во игра од клупата во 66-та минута.

Сепак, Мурињо во негов препознатлив стил, по натпреварот изјави за медиумите дека тој не славел со играчие, туку истрчал до нив да им каже што следно да прават, до крајот на натпреварот.

Последната ждрепка на сезоната во ЛШ ќе се одржи на 11-ти април, а финалето ќе се одигра на „стадионот на светлината“ во Лисабон.

Погледнете го славјето на Мурињо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...