Атлетико Мадрид ја исфрли Барселона

На големо изненадување екипата на Атлетико Мадрид дојде до победа од 1:0 против Барселона и на тој начин се избори за полуфинале. Барселона загуби откако во текот на целата средба беше послабиот ривал и не успеа ни да создаде посериозна шанса.

Диего Симеоне е херојот на домашниот тим бидејќи со својата тактика буквално го уништи нападот на Каталонците, а го неутрализираше средниот ред. Ослабената одбрана на Барса, на моменти делуваше панично и сето тоа остави доволно простор за домаќинот да има контрола на играта и на водството кое го стекна уште во раниот период од мечот.

Атлетико Мадрид тргна офанзивно уште од првата минута. Пресингот кој го правеа даваше резултат бидејќи Барселона не можеше да се пресели на противничката половина.

Акциите на Атлетико носеа закана кон голот на Пинто, кој во неколку случаи беше само гледач, а имаше среќа во тоа што стативите и пречката му беа сојузници. Сепак, тоа не беше случај кога Коке успеа да казни едно невнимание. Прво Алба беше пренизок во скокот и дозволи противничкиот фудбалер со глава да ја пренасочи топката до Коке, кој успеа да го мине Алвес без топка и на тој начин да бие во празниот дел од голот на Барса.

После ова имаше уште неколку шанси за домашните, но Пинто имаше многу среќа, па остана резултатот од 1:0.

Барса дури на средина од првото полувреме конечно успеа да најави возбудувања. Меси имаше една шанса во која биеше со глава покрај голот. Во другите ситуации одбраната на Атлетико реагираше одлично.

Во второто полувреме гостите залудно се трудеа да дојдат до погодок за израмнување. Домашните беа концентрирани главно на средината и таму успеваа да одолеат на нападите на гостинскиот состав. Сепак, одвреме навреме знаеја и да се заканат пред голот на Пинто кој успеа да ја спаси Барса од предвремен пораз и да ги остави надежите. Тој го одбрани ударот на Габи кој место да бие високо шутна ниско по тревата, а тоа беше одбрането од голманот на Барселона.

До крајот домашните имаа уште една убава шанса, а Кристијан Родригез биеше директно во голманот на Барса кој одбрани. Сепак, сето ова беше залудно бидејќи не можеше да се направи ништо повеќе и остана резултатот кој беше постигнат уште во 5. минута.


ТРИПАТИ ВО РАМКИТЕ НА ГОЛОТ

Составот на Атлетико лесно можеше уште во 20. минута од натпреварот да има предност од три или четири гола бидејќи во овој период гостите беа во шок. Дури трипати топката удираше во пречката или во стативите, а само среќата го спаси гостинот од несакан епилог.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...