„Баварците“ и понатаму го бранат трофејот

Баерн Минхен продолжува со одбраната на трофејот во Лигата на шампионите откако на реваншот против „ѓаволите“ беше обезбедена победа од 3:1 со што не дојде до изненадување. Гостите поведоа, но потоа следеше голем удар од шампионите, па до крајот немаше проблеми за да се обезбеди триумф.

Манчестер Јунајтед имаше одлична одбрана во првите 45 минути. Не му дозволи на противникот да дојде до удар, а тоа воедно значеше и добар резултат кој можеше да донесе возбудувања со само еден гол во продолжението.

Играта во која се мислеше пред сè на својот гол до крајот на првото полувреме ја остави предност од гол во гости за Баерн Минхен, а тимот на Манчестер дефинитивно мораше да тргне поотворено кон голот на противникот бидејќи доколку сакаше полуфинале мораше Нојер да биде принуден на капитулација.

Сето она што недостигаше во првото полувреме во вториот дел за само три минути дојде на двете страни.

Прво Патрис Евра успеа да постигне неверојатен погодок и тоа од акција во која гостите и немаа некоја голема шанса. Топката беше нафрлена од десната страна, а одбраната на Баерн беше премногу бавна. Евра натрча на неа и со ефектен удар упати дијагонала и ја смести под пречката.

Радоста траеше кратко бидејќи само две минути подоцна Баерн тргна во офанзива, а Манџукиќ ја касни невнимателноста на одбраната на Манчестер. Очигледно дека радоста беше преголема, па тоа даде одраз и на играта во која после 59 минути игра повеќе немаше предност за никого.

Сепак, во следните 20 минути стана јасно кој тим оди понатаму бидејќи прво Милер, а потоа и Робен му нанесоа нов удар на гостинот и со предност од 3:1 во последните 15 минути средбата можеше мирно да биде донесена до крај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...