Атлетико готви нов удар за Челзи

Резултатот од денешниот меч нема да реши ништо, а одлуката ќе падне следната среда

Тимовите кои пред две години победија во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, Челзи и Атлетико Мадрид, вечерва ќе ја почнат полуфиналната битка за место во финалето кое на 24 мај ќе се одигра во Лисабон. Место ќе има само за еден од овие две екипи, а пред одигрувањето на средбите е навистина тешко да се каже кој е поблизу до победата.

И двете екипи се одликуваат со добри одбрани. Атлетико Мадрид има примено само пет гола на десет средби така што процентот е сосема јасен дека гол се прима на секој втор натпревар. Поради тоа денешната пресметка ќе биде интересна и од друг аспект, па дефинитивно ќе се очекува да се види како ќе функционираат одбраните.

Факт е дека тоа е подобриот дел од тимовите, но и нападите им се на завидно ниво така што овој меч ќе покаже многу за тоа кој состав е поблизу до финалето.

ТИЈАГО ЈА ЗНАЕ ТАЈНАТА НА МУРИЊО

Играчот на Атлетико Мадрид, Тијаго, има играно во Челзи под водство на Мурињо пред десетина години. Затоа одлично знае како е да се игра кај Жозе и токму Тијаго е вистинскиот човек за споредба меѓу двајцата одлични стратези.

„Двајцата тренери имаат сосема различен стил на игра. Сепак, победничкиот менталитет кој ни го донесе Диего Симеоне ни помага многу. Не чувствуваме никаков притисок без разлика против кого играме. За секој тим имаме стратегија. Самото присуство на Симеоне покрај аут линијата ни дава голема сигурност. Тој знае сета енергија да ја насочи кон нас, па тоа ни помага да бидеме подобри. Исто е и со Мурињо, но тој го прави сето ова на поинаков начин. Додека Симеоне знае да нè мотивира и на натпреварот, Мурињо го прави ова за време на тренинзите. Во текот на целата недела пред мечот тој го всадува мотивот во главата на играчите и тие на мечот даваат максимум“, вели Тијаго.


ТОРЕС МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Шпанецот во редовите на Челзи, Фернандо Торес денеска се враќа на теренот каде доживеа прекрасни мигови во кариерата. Торес токму од Атлетико Мадрид замина во Англија во 2007 година.

Торес беше најмладиот капитен на клубот. Ја доби ленатата на 19 години откако докажа дека прераснува во голем лидер. Во Челзи е од 2011 година, а ова ќе му биде можност да игра на теренот каде помина неколку прекрасни сезони. Ќе биде многу потешко отколку пред две години кога беше главниот виновник што Челзи успеа да ја мине Барселона во полуфиналето.

Иако сезонава не е во најдобра форма, сепак, Мурињо би можел да го вклучи во првите 11 и со него да тргне од првата минута во победа против Атлетико Мадрид.

КУРТОА ЌЕ БРАНИ ПРОТИВ СВОИТЕ

Иако никогаш не добил шанса за да го брани голот на Челзи, сепак, Тибо Куртоа според договор е играч на овој клуб. Тој денеска дефинитивно ќе стои на голот на Атлетико Мадрид со што се става крај на сите информации дека договор меѓу двете екипи ќе го спречи да биде „чувар на мрежата“ на Атлетико.

„Ќе го дадам најдоброто од себе на овој меч. Подготвен сум за да се надигруваме со Челзи и ќе се потрудам да бидам колку е можно подобар. Тоа што имам договор со Челзи денеска нема да ми биде од никакво значење и ќе го дадам максимумот на терен. Јас сум фан на Челзи, но денеска сум на голот на Атлетико и домашниот терен ќе треба да биде нашата предност. Сакам да освојувам трофеи во Атлетико и се надевам дека годинава ќе успееме да победиме и во Лигата на шампионите и во Примера“, изјави Куртоа.


СÈ ЌЕ СЕ РЕШАВА НА РЕВАНШОТ

Со оглед на тоа што ова е само прво полувреме во пресметката меѓу Атлетико Мадрид и Челзи сосема извесно е дека победникот ќе се решава на реванш мечот следната среда. Тогаш во Лондон ќе биде навистина жешко за „јорганџиите“. Атлетико има квалитет за висок дострел, па сигурно е дека „сините“ ќе имаат тешка задача и на двете средби. Сепак, ако се суди според тоа што Челзи веќе успеа да го елиминира ПСЖ кој отиде во Лондон со предност, јасно е дека Атлетико Мадрид мора да се потруди да создаде голема предност ако сака мирен реванш во текот на следната недела.

Воедно мора да се знае и тоа дека Челзи полека ја губи битката за титулата во Премиер-лигата, а факт е дека во недела се гостува кај Ливерпул, што значи дека на овој дуел сè останува отворено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...