Реал се готви за нова одмазда

Екипите на Реал Мадрид и Баерн Минхен денеска ќе го одиграат првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите, а ова е копија на дуелот кој беше одигран пред две години. Тогаш Баерн успеа да биде подобар од „кралевите“ и успеа да стигне до место во финалето, кое потоа го загуби од Челзи.

Тој последен пораз беше примен болно од Реал, а особено беше тешко кога и минатата година клубот од Мадрид загуби од германска екипа во истата фаза. Затоа сега мотивот е огромен. Целта е конечно да се надмине малерот и да се стигне во финалето во кое ќе се оди со сите сили кон победата.

РОНАЛДО СО ГОЛЕМ МОТИВ

За овој меч во таборот на Реал Мадрид би требало да биде вклучен и Кристијано Роналдо, кој имаше големи проблеми и не играше веќе 2-3 недели. Практично тој не играше од реваншот против Борусија Дортмунд.

„Се чувствувам многу подобро и подготвен сум да играм. Повеќе не чувствувам болки и дефинитивно денеска можам да одиграм како што посакувам. Одлично сме мотивирани и јас сум среќен. Задоволен сум што успеавме да го освоиме Купот иако не играв, но сега сакам да го направиме решавачкиот чекор и, конечно, да дојдеме до титулата која толку се посакува во Реал. Мислам дека е време за 10. пехар во Лигата на шампионите и КЕШ“, вели Кристијано Роналдо, кој сезонава веќе има 14 погодоци во натпреварувањето.

РАМОС НАЈАВУВА УШТЕ ТРОФЕИ

Дека сите играчи во Реал Мадрид се подготвени да дадат максимум докажува и изјавата на стоперот во тимот, Серхио Рамос. Тој најавува голема битка и продолжување на трката за трофеите и во Примера и во Лигата на шампионите.

„Курсот кој го фативме во минатата среда кога го освоивме Купот на Шпанија треба да ни биде движечка сила до крајот на сезоната. Мислам дека знаеме како да продолжиме по тој пат и да одиме во победнички правец до крајот и во двете натпреварувања каде сме во конкуренција. Имаме капацитет, но и квалитет. Се надеваме дека пречекот кој го имавме кога се вративме од Валенсија ќе го имаме уште двапати. Сепак, прво треба да му се реваншираме на Баерн за поразот пред две години, а потоа ќе размислуваме за она што ни останува“, изјавува заменикот капитен во Реал Мадрид, Серхио Рамос.

ЗА РОБЕН ВЕЌЕ НЕМА ФАВОРИТИ

Од друга страна, „баварците“ сакаат да станат првиот тим кој успеал да го одбрани трофејот во Лигата на шампионите, а воедно и да се изборат за ново финале. Сепак, прво треба да ја минат пречката наречена Реал Мадрид.

„Стигнавме до полуфиналето и повеќе нема фаворити. Во оваа фаза од Лигата на шампионите едноставно може да се случи сè. Тоа што пред две години успеавме да дојдеме до победа против Реал не мора да значи ништо. Ова е сосема нов меч и ние имаме мотиви за нова победа. Ова е како финале пред финалето. Ние имаме квалитет и дефинитивно тоа ќе го покажеме на теренот. Ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат за да можеме на реваншот да се надеваме на севкупна победа. Свесни сме за тоа дека во Реал ќе сторат сè за да нè победат, но нашиот тренер знае како е да се игра против овој тим и сигурно ќе има што да ни каже“, вели Робен, кој беше стрелец на голот на „Сантијаго Бернабе“ пред две години.

ГОСТИТЕ МОРА ДА ПОСТИГНАТ ГОЛ

И раководството на Баерн е подготвено за денешното гостување и најавува добар резултат. Токму поради тоа сите работи се насочуваат кон успех бидејќи целта е да се дојде до мечот во Лисабон на 24 мај.

„На овој натпревар треба да постигнеме барем еден гол. Тоа ќе ни биде од големо значење. Ова го увидовме од средбите на Борусија Дортмунд против Реал во четвртфиналето. Се виде дека мора да се биде ефикасен и во Минхен ако се сака пласман во следната рунда. Сметам дека можеме да го направиме тоа. Ако успееме денеска да постигнеме погодок и да избориме позитивен резултат, тогаш во Минхен ќе биде полесно. Сепак, ништо нема да биде решено денеска и сè ќе се одлучува дури на реваншот“, коментира Карл-Хајнц Румениге.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...