Победата на Борусија Дортмунд над Арсенал со резултат од 2-0 синоќа беше зачинета со урнебесна прес конференција по натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите.
Тренерот на Борусија, Јурген Клоп беше потсетен од новинарите на прес конференцијата на неколку постари изјави поврзани со колегата од противничкиот тим, Арсен Венгер. Една од тие изјави беше дека го сака, францускиот стратег, по што Клоп имаше необичен и урнебесен одговор.
-Навистина сум го рекол тоа? Ах, морам да претсанам да се дрогирам. Сум рекол дека го сакам Венгер? Тој е „кул“, но дека го сакам? Хахаха. Арсен е пријатна личност и интелегентен колега, но сум далеку од тоа да се споредувам со исклучителна личност како него. Зборува многу повеќе странски јазици од мене, пие вино, а јас пијам пиво, изјави Клоп за колегата од лондонскиот клуб.
Борусија Дортмунд со резултат 2-0 го совлада Арсенал во првото коло од групата Д во Лигата на шампионите.