ПСЖ ја напаѓа најдобрата одбрана

Екипите кои пред две години играа во четвртфиналето од Лигата на шампионите, ПСЖ и Барселона денеска ќе го одиграат својот прв меч во групната фаза. На „Паркот на принцовите“ во Париз шампионот на Франција го пречекува вицешампионот на Франција, а најголемата неизвесност е дали Златан Ибрахимовиќ ќе може да истрча на теренот и да го почне натпреварот.

Ова прашање ќе биде без одговор до моментот додека Лоран Блан не го соопшти составот со кој ќе тргне во натпреварот против Каталонците. Тој ќе ја чека одлуката на докторите, па потоа ќе знае дали со Ибра или без него влегува во битката.

ИГРАТА НА ПСЖ ЗАВИСИ ОД ИБРА

И додека Блан ја очекува информацијата за Ибрахимовиќ вели дека има надежи дека денеска ќе успее да го однесе својот тим до добар резултат.

„Имаме сериозни проблеми со повредени играчи. Тоа ни е голема пречка за да можеме да настапиме во комплетен состав и да можеме да бидеме далеку посилни. Во таква ситуација ќе беше сосема друга приказна. Сега мораме да размислуваме како ќе ѝ се спротивставиме на Барселона“, вели Блан.

Тој се нема откажано од тоа дека денеска ќе го има и Ибрахимовиќ во својот тим.

„Се надеваме дека ќе успееме да го оспособиме Ибрахимовиќ. Докторскиот тим работи напорно. За разлика од него Тијаго Силва нема да може да биде во составот бидејќи неговото заздравување оди многу побавно. Сепак, и со оние играчи коишто ги имаме ќе сториме сè за да забележиме позитивен резултат“, вели тренерот на ПСЖ.

ЕНРИКЕ ВНИМАТЕЛЕН ПРЕД МЕЧОТ

За разлика од Блан, Луис Енрике може да биде многу послободен пред денешната средба бидејќи играчите кои се во прв план се подготвени за настап и денеска ќе бидат на терен.

„Гледав неколку натпревари на ПСЖ и можам да кажам дека денеска ни претстои навистина тешка средба. Се соочуваме со силен ривал против кој ќе мораме да одиграме на високо ниво од почетокот до крајот на натпреварот. Мислам дека и во ПСЖ се свесни со кого се соочуваат, па ова е гаранција за убав натпревар“, вели Луис Енрике.

Покрај тоа не испушти шанса за да искоментира околу Златан Ибрахимовиќ и неговата повреда.

„Дефинитивно тој е многу важен играч за нашиот противник. Доколку тој игра тогаш нашата задаќа ќе биде многу потешка. Ако, пак, се случи да не може тоа ќе биде дефинитивно добра вест. Во секој случај очекувам да одиграме добар натпревар и да дојдеме до позитивен резултат“, изјави Енрике.

РАЗЛИЧНО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Двете екипи играат во сосема различен ритам од стартот на сезоната. Барселона ја има најдобрата одбрана во Шпанија, која издржа и во првото коло од Лигата на шампионите без да прими гол. Шест натпревари се одиграни во Примера и на нив е забележана гол разлика од 17:0, а последната победа од 6:0 од саботата е најава за нова ефикасна средба. Во ЛШ во првото коло резултатот беше 1:0 против Апоел.

ПСЖ, пак, никако не може да врзе неколку средби во серија со победи. Дури и при последната средба во Лига резултатот беше нерешен 1:1. ПСЖ беше гостин кај Тулуз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...