Мерцедес се обидоа да ја објаснат „бесмислената“ грешка

Шефот на Мерцедес Ф1 тимот, Тото Волф, се обиде да објасни како неговиот тим направи погрешна проценка и го повика Луис Хамилтон во боксот за време на Монако ГП трката во неделата, со што му ја „одземаа“ победата за да триумфира неговиот колега Нико Розберг.

Хамилтон имаше убедливо водство кога Макс Ферстапен во Торо Росо се удри во задниот дел на Лотусот на Роман Грожан предизвикувајќи излегување на сигурносното возило во последните десетина кругови на класичната трка во малото кнежевство. Тимот реши да го повика Хамилтон во боксот, по што Розберг заврши како прв пред Себастијан Фетел во Ферари и Хамилтон.



„Што по ѓаволите се случи таму... Тоа е вистинското прашање. Едноставен одговор е дека направивме погрешна математика, грешка во калкулациите. Мислевме дека имаме разлика која ја немаме со сигурносното возило и тоа беше грешка. Во Монако нема ГПС системи со што одлуките се потешки и затоа направивме грешка“, објаснува Волф.

Според Австриецот, во тимот биле загрижени дека Фетел може да влезе во боксот и да се врати на третото место со свежи гуми со што би бил побрз од двајцата возачи на Мерцедес.

„Ќе беше ризично Себастијан да се префрли на меки гуми и да дојде зад Нико. Тоа беше нашата мисла - мораме да ги следиме податоците. Така функционира еден тим, иако некои сметаат дека се работи за ризикување“, додава Волф.

И РОЗБЕРГ БЕШЕ ИЗНЕНАДЕН

Хамилтон, очекувано, беше отсутен од сите блескави забави во Монте Карло во неделата навечер, иако е познат по својот стил на „човек за забави“. Откако ги помина задолжителните обврски пред медиумите објаснувајќи дека „губиме заедно, победуваме заедно“, тој си замина во својот дом во Монако.

Дури и Розберг, кој славеше во „Бич плаза“ хотелот откако стана само четвртиот возач со хет-трик победи во малото кнежевство (по Греем Хил, Аиртон Сена и Алан Прост), сочувствуваше со својот колега и ривал.

„Искрено во тој момент не помислував на влегување во бокс. Имаше само уште неколку круга и тоа беше големо изненадување. Си помислив: ’Каде по ѓаволите тој отиде’. Одеднаш зад мене имаше Ферари и Мерцедес. Знам дека Луис ја заслужи победата завршувајќи фантастична работа. Ова е страшен начин да загубиш трка. Од друга страна победа е победа и во спортот, среќата честопати е голем фактор. И тоа го прифаќам. Имав среќа. Многу среќа“, признава Розберг, за кого ова е 10. победа во кариерата со која дојде на 10 поени зад Хамилтон во генерален пласман.



ФЕРАРИ: „ВО МЕРЦЕДЕС БЕА ПРЕМНОГУ САМОУВЕРЕНИ“

Шефот на Ферари, Маурицио Аривабене, реши да стави сол на раната на Мерцедес коментирајќи дека нивните ривали си ја прецениле својата предност и биле „премногу убедени за својата моќ“.

„Не, ние воопшто не мислевме да го повлечеме Себасатијан во боксот, дури спротивно, чекавме од Мерцедес да влезат. Нашиот стратегист кажа да останем смирени. Дури и двајцата да влезеа во боксот ние ќе останевме. Знам дека имавме среќа со второто место. Според мене, тие беа малку премногу убедени во својата моќ. Сфаќам дека се интелигентни и посилни од нас, но овој пат ние бевме поумни“, коментира Аривабене.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...