Нашиот возач и актуелниот европски првак на ридски патеки Игор Стефановски Иџе триумфираше денеска на трката во Полска откако го искористи повторниот старт.
Интересно Иџе беше второпласиран по првите две возења, но организаторите донесоа одлука дека имало неправилности во првото од нив и го рестартираа. Стефановски го искористи тоа, оствари многу подобро време и на крајот дојде до победата пред Чехот, Јаромир Мали и домашниот возач Дерен Криштоф. Тој само ја зголеми разликата и се наоѓа на 1-то место на табелата.