Шефот на Ферари, Маурицио Аривабене, изјави дека е прерано да се одлучи дали Кими Раиконен ќе остане во тимот и во 2016 година. Околу иднината на светскиот шампион од 2007 има многу шпекулации, и тој луто реагираше на тврдењата дека ќе остане со намалена плата. Аривабене вели дека рана одлука ќе го демотивира Финецот, посебно ако не биде задржан.
„Има многу работи што треба да ги разгледаме и прерано е да му кажеме нешто уште сега. Можеби сум премногу дефанзивен околу Кими, но сè уште нема поминато пола сезона“, вели Аривабене.