Ферари во „потера“ на Ботас

Ферари неофицијално веќе почнаа со обидот да ги обезбедат услугите на возачот на Вилијамс, Валтери Ботас, со наводна понуда до тимот од Гроув, соопштуваат германските медиуми.

Со сè поголемите шпекулации околу иднината на Кими Раиконен во италијанскиот тим се верува дека Ферари ја официјализирале понудата не само до неговиот фински сонародник Ботас туку и до англискиот тим. Ова е поради тоа што Вилијамс сè уште имаат „опција“ во договорот со Ботас за 2016 година и би сакале да го задржат 25-годишниот тркач кој создаде репутација на постојан и брз возач.



„Би било штета тој да замине од тимот. Знам дека се чувствува удобно кај нас и, верувајте, тој е значаен дел на нашиот тим“, изјави техничкиот директор на Вилијамс, Пет Симондс.

Според германскиот „Билд“ Ферари нудат 4 милиони евра на Вилијамс за „отпуштање“ на младиот Финец, но заменикот-шеф на тимот, Клер Вилијамс бара „многу повеќе“. Се верува дека против-понудата на Вилијамс може да биде 15 милиони евра, нешто што не му се допаднало на шефот на Ферари, Маурицио Аривабене.

Доколку Ботас на крајот заврши во Ферари, Вилијамс би го замениле со својот поранешен возач (од 2010), и новопечен шампион од „24 Часа Ле Ман“, Нико Хулкенберг. Ферари не биле заинтересирани за Хулкенберг бидејќи не сакале втор германски возач во тимот покрај Себастијан Фетел.

Екс-Ф1 возачот Дејвид Култхард исто така смета дека е екстремно тешко Ферари да го оправдаат задржувањето на Раиконен бидејќи други возачи би нуделе исто за помали пари.

„Неизбежни се прашањата околу иднината на Раиконен во Ферари, најмногу поради неговите перформанси на патеката. Не можам да судам за маркетиншката страна на спортот - можеби има нешто во неговиот стил на бунтовник кој им одговара. Не знам што Кими нуди повеќе од еден Нико Хулкенберг“, вели Култхард во својата последна колумна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...