Жан Тод: „Ф1 има главоболка, а не рак“

Претседателот на ФИА, Жан Тод, не верува дека на Формула 1 ѝ е потребна голема промена велејќи дека спортот страда од „главоболка, а не од рак“.

Незадоволството од модерната Ф1 се појави последните две-три години, пренесено преку падот на ТВ гледачите и доминацијата на Мерцедес со новите турбо-хибридни мотори. Плановите за промени во спортот за 2017 година се под закана на „Стратешката група“ на спортот во која се претставници на ФИА, носителот на комерцијалните права и најдобрите шест тимови, а најавен е нов состанок на 1 јули.

На Австриското ГП дојде заканата од сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, за заминување од спортот, како и бизарните казни од 25 места во спорт во кој има 20 болиди. Тод не се согласува дека спортот е во криза и дека се потребни одредени „лекарства“ наместо револуција на правилата.

„Мислам дека не се соочуваме со рак туку со главоболка, и треба да најдеме лекарства за таа главоболка. Не се согласувам дека треба да лечиме рак. Не ни се потребни големи промени, и дури и да ни се потребни треба да бидеме внимателни. Ако ми дадете пациент кој вели дека има главоболка, не му правите операција“, вели Тод.

Тимот на Ред Бул имаше серија забелешки за спортот на Австриското ГП, каде што шефот на тимот Кристијан Хорнер побара реструктуирање на системот и предавање на моќта од Стратешката група на ФИА и Берни Еклстоун. Тод вели дека тимовите треба да продолжат со оваа идеја, но верува дека таков потег само ќе ја зголеми интерната битка.

„Сите прават голема бучава околу Стратешката група. Честопати читав дека ФИА и ФОМ треба да ги одредуваат правилата. Мене не ми е проблем да седнам со Берни и да решам што е добро за спортот, но мора да бидеме сигурни дека тоа е добро за спортот. Тие кои велат дека не треба да бидат вклучени и дека ФИА и комерцијалните носители треба да одлучуваат ќе бидат први кои ќе врескаат дека немаат учество во одлучувањето“, објаснува Тод.

Предлозите за 2017 треба да ги направат болидите побрзи за пет-шест секунди со зголемување на моќта и поопуштени аеродинамички правила. Тод вели дека е в ред да се размислува и за поголема потрошувачка на гориво, но предупреди дека тимовите и возачите секогаш ќе имаат проблем со регулативите ако не победуваат.

„Во 1993 година имавме проблем со сопирачките, проблем со трошењето на гумите и проблемот со горивото. Така што оваа сегашна ситуација не е нешто ново. Тогаш одговорот беше да се дадат 5 килограми повеќе гориво. Но, во моментов има некои огорчени возачи кои не се среќни, искрено бидејќи не победуваат. Ако го прашате Луис Хамилтон дали е среќен по второто место во Австрија, ќе ви каже дека не е. Нико Розберг ќе биде многу среќен со победата. Тогаш ќе кажат: ’Досадно е само Мерцедес да победува’. Се согласувам дека е подобро да има поголема неизвесност. Но, ако сте најдобар и завршувате најдобра работа. Ред Бул и Фетел, дали беа лути кога тие доминираа? Се сеќавам дека пред неколку години во Сингапур бев шокиран кога тој беше за 1.5 секунда побрз од другите. Претходно беше доминацијата во Ферари... Доминацијата се случува во спортот. Видете ги Новак Ѓоковиќ, Јусеин Болт...“, завршува Тод.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...