Хамилтон разочаран од трофеите во Ф1

Луис Хамилтон побара Формула 1 да размисли добро околу дизајнот на трофеите што се доделуваат за победите на ГП трките, оценувајќи ги сегашните дизајни како „ужасни“.



По победата на Британското ГП минатата година, возачот на Мерцедес на подиумот се пожали за пластичниот трофеј дизајниран од спонзорите барајќи го златниот трофеј, кој традиционално се доделуваше на победниците во Силверстоун. „Овој се распаѓа“, се пошегува Хамилтон за потоа да додаде дека „сигурно чинел 10 фунти“.

Пред враќањето во Силверстоун за домашната трка овој викенд, Хамилтон побара да се „средат“ сè почудните дизајни на трофеите откривајќи дека зборувал за тоа и со шефот Берни Еклстоун.

„Навистина треба да се направат подобри трофеи бидејќи е шокантно колку се лоши сегашните. Трофеите се можеби добри за доделување на картинг трките. Во Формула Рено шампионатот добивавме мали коцки со болид внатре. Во Формула 3 беше ОК, и на почетокот на Ф1 кариерата трофеите беа навистина добри. Но, сега се навистина страшни. Толку лоши што морав да му кажам на Берни“, вели Хамилтон.



Британецот подоцна на прес-конференцијата во Силверсотун минатата година го доби златниот трофеј, а во последните 18 месеци има 15 победи така што добро знае како изгледаат трофеите. Покрај тоа, Британецот има пласман на подиумот на последните 15 трки, со што е на четири од вечниот рекорд на Михаел Шумахер.

„Тоа е единствениот трофеј тука, во Силверстоун. Лани ми го дадоа тоа пластично нешто и мене ми наликуваше на некој трофеј од ГП2. Златниот трофеј е посебен. Би било одлично секоја земја да има таков трофеј кој ќе значи нешто поради историјата. Не знам зошто не ги прават така повеќе. Го видовте трофејот во Монако? Или последниот во Австрија - цел беше дрвен! Основата беше оловна, што значеше тоа?“, изјави Британецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...