Раиконен не е изненаден од шпекулациите

Кими Раиконен вели дека не е изненаден што е во центарот на бројни шпекулации бидејќи ги чита истите приказни за својата иднина од почетокот на 2015. Ферари сè уште не решиле да го продолжат неговиот договор за 2016, а Финецот се мачи да ги достигне перформансите на новиот колега Себастијан Фетел.

Валтери Ботас, Даниел Рикијардо и победникот од Ле Ман, Нико Хулкенберг се промовираат во први кандидати за негова замена.



„Очигледно, одлуката ќе ја донесат од Ферари. Јас ќе се обидам да имам добри трки и тоа е тоа. Понекогаш, како на минатата трка, ќе имаш лоша среќа. Кој знае? Не знам ништо повеќе од вас. Се работи за шпекулации кои ги слушам од почетокот на годината и ништо не ме изненадува“, вели Раиконен.

Во Австрија пред две недели Раиконен издржа само две кривини на патеката, откако претходно беше елиминиран во првата квалификациска сесија. Тој се удри со Фернандо Алонсо и заврши во ѕидот, но вели дека сè уште му се допаѓа новиот болид.

„Не знам зошто одеднаш не би го сакал овој болид. Поради еден инцидент? Болидот е добар, можеби не доволно брз да се предизвика Мерцедес, но многу подобар од минатогодишниот“, додава Финецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...