Во 2016 година со 21 трка

Следната сезона во Ф1 натпреварувањето ќе биде побогата за две нови трки и место годинешните 19 ќе има дури 21 со што пилотите ќе добијат помалку одмор, а многу повеќе работа со своите тимови. Со оглед на тоа што во новата сезона се враќа ГН на Германија, а дебитира и ГН на Азербејџан во Баку сосема извесно е дека парите се во преден план и целта е да се заработи што е можно повеќе.

За разлика од оваа година кога натпреварите тргнаа на 15 март, а во истиот месец имаше уште една трка следната година трките ќе почна на 3 април. Повторно ќе се вози во Австралија така што тука нема измена. Нема измена ниту на крајот од сезоната. Повторно трката е во Абу Даби и во последниот викенд од ноември, што значи дека натпреварите ќе се одвиваат во осум месеци.



МАЛЕЗИЈА ДУРИ ВО СЕПТЕМВРИ

Годинава трката за ГН на Малезија се возеше на 29 март. Тука ќе има промена бидејќи во 2016 година оваа трка е поместена за цели шест месеци. Трката ќе биде дури во последниот викенд од септември.

Промена има и кај ГН на Русија во Сочи така што место во октомври следната година ќе се вози уште во мај.

ВО БАКУ ВО ЈУЛИ

Новата трка во формула 1, ГН на Азербејџан ќе се одржи на патеката во Баку. Предвидена е за средината на јули и ќе одржи меѓу трките во Австрија и Германија, а тоа ќе биде богат месец со Ф1 трки бидејќи ќе ги има дури три.

Практично Баку ќе биде трка која ќе се одржи пред настапите на ГН на Германија која се враќа во Ф1 календарот.

ФИНИШОТ СПОРЕД ИСТ РАСПОРЕД

Последните четири трки во сезоната не доживеаја измени така што остана истиот план како и досега. Со оглед на тоа што Русија е поместена, по ГН на Јапонија пилотите ќе се селат во САД каде што ќе возат на патеката во Остин. Потоа следува ГН на Мексико, ГН на Бразил и на крајот ГН на Абу Даби. Овие четири трки се според тој распоред и во оваа година, а годинава сезоната ќе финишира на 29 ноември.

КАЛЕНДАР ЗА 2016

3 АПРИЛ АВСТРАЛИЈА

10 АПРИЛ КИНА

24 АПРИЛ БАХРЕИН

1 МАЈ РУСИЈА

15 МАЈ ШПАНИЈА

29 МАЈ МОНАКО

12 ЈУНИ КАНАДА

26 ЈУНИ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

3 ЈУЛИ АВСТРИЈА

17 ЈУЛИ АЗЕРБЕЈЏАН

31 ЈУЛИ ГЕРМАНИЈА

7 АВГУСТ УНГАРИЈА

28 АВГУСТ БЕЛГИЈА

4 СЕПТЕМВРИ ИТАЛИЈА

18 СЕПТЕМВРИ СИНГАПУР

25 СЕПТЕМВРИ МАЛЕЗИЈА

9 ОКТОМВРИ ЈАПОНИЈА

23 ОКТОМВРИ САД

30 ОКТОМВРИ МЕКСИКО

13 НОЕМРИ БРАЗИЛ

27 НОЕМВРИ АБУ ДАБИ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...