Црн ден во Ф1: Почина Жул Бјанки

Францускиот Ф1 пилот, Жул Бјанки доживеа тешка несреќа за време на ГН на Јапонија кој се возеше пред девет месеци, а за жал, рано утрово семејството на поранешниот возач на Марусија ја извести јавноста дека 25-годишниот Жул починал во болницата во Ница.



Бјанки се здоби со тешки повреди откако при голема брзина се заби во возилото задолжено за извлекување на болидите, но иако се веруваше дека со секојдневните терапии ќе успее да излезе од кома, младиот Французин сепак не ја издржа најголемата битка во неговиот живот.

- Со длабока тага, родителите на Жул Бјанки, Филип и Кристин, неговиот брат Том и сестрата Мелани сакаа да ја споделат веста дека Жул почина изминатава вечер во болницата во Ница, каде тој беше згрижен по големиот инцидент кој се случи на 5 октомври минатата година. Жул се бореше напорно до самиот крај, како што го правеше тоа и во животот, но денеска на неговата борба и дојде крајот. Болката што ја чувствуваме е огромна и неопислива. Сакаме да му заблагодариме на медицинскиот персонал во болницата во Ница кој се грижеше за него со многу љубов и посветеност, - пишува во официјалното соопштение кое го достави семејството Бјанки до медиумите, а кое секако ја потресе светската спортска јавност и сите оние кои редовно ги следат случувањата во мото спортот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...