Погребот на Бјанки- утре во родната Ница

Погребот на Жул Бјанки, пилотот во Формула 1 ќе биде извршен утре во родниот град Ница, соопшти семејството на Бјанки преку официјалната Фејзбук страница.

Погребот на Бјанки и меморијалната служба ќе се одржат во катедралата Sainte Reparate во Ница со почеток во 10 часот наутро, 5 дена по смртта во болницата во овој град.



Бјанки почина по 9 месеци од несреќата која ја доживеа на трката за ГН на Јапонија. Со болидот на Марусија (сега Мејнор) излета од патеката „Сузука“ и удри во сервисен багер и се здоби со тешки повреди на главата.

- Со длабока тага, родителите на Жул Бјанки, Филип и Кристин, неговиот брат Том и сестрата Мелани сакаа да ја споделат веста дека Жул почина изминатава вечер во болницата во Ница, каде тој беше згрижен по големиот инцидент кој се случи на 5 октомври минатата година. Жул се бореше напорно до самиот крај, како што го правеше тоа и во животот, но денеска на неговата борба и дојде крајот. Болката што ја чувствуваме е огромна и неопислива. Сакаме да му заблагодариме на медицинскиот персонал во болницата во Ница кој се грижеше за него со многу љубов и посветеност, - пишува во официјалното соопштение кое го достави семејството Бјанки до медиумите по смртта на младиот Ф1 пилот..

Жул Бјанки имаше само 25 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...