Розберг бара прв подиум

Второпласираниот во годинешната сезона во генералниот пласман во шампионатот од Формула 1, Нико Розберг, во досегашните девет настапи на патеката во Унгарија нема ниту еден пласман на подиум. Тој годинава верува дека конечно ќе ги поправи работите. Лани заврши на 4. место, а пред трката за ГН на Унгарија, беше во далеку подобра ситуација од онаа во која се наоѓа во моментов. Тогаш имаше предност од 14 поени во однос на Хамилтон и беше на водечкото место. Сега со 17 поени заостанување цврсто ја држи втората позиција така што ова е шанса за Розберг да ги поправи работите.

„Ова е трка на која може да се сменат многу работи. Посакувам да тргнам во еден поубав период во сезоната и да се обидам да соберам доволно поени за да можам да се најдам на врвот. Разликата е 17 поени, но тоа може да се надомести и на една трка така што во Унгарија ќе се обидам да ги попрвам работите“, вели Розберг.



Хамилтон и понатаму важи како фаворит, но Розберг смета дека може да нападне и не стравува од формата на тимскиот колега.

„Трката во Унгарија досега не ја паметам по убаво, но мислам дека ова може конечно да се смени. Хунгароринг е патека која е многу слична со таа во Монако на која се снаоѓам далеку подобро. Поради тоа овој викенд сигурно ќе биде далеку подобар. Статистиката на Хамилтон е импресивна во Унгарија, но мислам дека тоа нема да има никаква улога. Дефинитивно ова очекувам да биде многу подобар викенд за мене“, вели Розберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...