Батон: „Во моментов нашата форма е срамотна!“

Белгиското ГП беше „засрамувачко“ за Џенсон Батон, откако неговиот тим Мекларен повторно не покажа апсолутно ништо поради слабите мотори на Хонда. Од 19. место на стартот по серијата казни Батон заврши како 14. со еден круг заостанување. Зад возачите на Мекларен беа само тие на Мејнор-Марусја.

„Имавме проблем со ЕРС системот и не знам што точно беше. Како да возевме само на гориво без било која електроника. Ова не е проблем кој го имавме досега. Тежок ден, навистина засрамувачки да се вози на дното“, вели Батон.



Во текот на летната пауза, Хонда направи ревизија на моторот и потроши три ткн. „токени“, така што шефот на Хонда моторспорт, Јасухиса Араи најави дека ќе имаат иста моќ како Ферари.

„Морам да им се заблагодарам на Фернандо и Џенсон за нивниот професионализам во текот на викендот. Навистина е разочарувачки што не успеавме да ги исполниме нивните очекувања, а ниту очекувањата на фановите кои чекаа резултати“, изјави Араи по трката.

Батон вели дека би сакал да има малку повеќе брзина во однос на постојаноста.

„Повеќе би сакал да имам малку повеќе моќ. Добро е да си постојан, меѓута перформансите потешко се наоѓаат“, вели Батон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...