Титулата и пласманот поважни од победата

На најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе му е потребен само еден бод на претстојната трка во Словенија за да ја одбрани титулата европски шампион на ридски патеки.

Поради ова Иџе за оваа трка најави повнимателно возење без оглед што негов заштитен знак на европските брда станаа победите, триумфирајќи на осум од 10 трки во досегашниот тек на шампионатот.



- Досега на сите трки одевме на победа како наша единствена опција, но сега, во Словенија, пласманот во бодови е поважен од постигнување на најдобар резултат во групата Н, па така ќе имам малку порезервиран настап без непотребно форсирање. Не сакам да ризикувам некое излетување или технички дефект со што би се довеле во ситуација за титулата да решава последната трка во Хрватска, најавува Иџе.

Минатата година Стефановски триумфира во Илирска Бистрица со нов рекорд на патеката во групата Н. Конкуренцијата годинава е бројна и жестока и во групата Н, заедно со Стефановски пријавени се 16 учесници.

- Патеката е интересна и пред се техничка. Таков тип на патеки добро ми лежат и досега на сите вакви трки извојував убедливи победи. Но, како и секоја друга патека има и свои опасности, а посебно би издвоил две шикани до кои се доаѓа со голема брзина. Организацијата е беспрекорна, има многу публика, а патеката е одлично подготвена. Словенците лани имаа шанса да ме видат во вистинско светло, но овојпат, титулата е сепак поважна, додава Стефановски.

Патеката во Илирска Бистрица е долга 5.010 метри, а ќе се возат две трки.

Доколу утре Иџе оствари пласман ќе биде првиот возач по пауза од девет години на кого му успеало две сезони по ред да биде најбрз на ридски патеки во категоријата 1. Последен кој успеал да ја одбрани титула е Германецот Јорг Вајдингер во 2005 и 2006 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...